Според анкетата на BBC, најголемиот процент на граѓани за кои интернетот е основно право доаѓа од Јужна Кореја, 96%, Мексико, 94%, и интересно Кина, 87%, која има строга цензура на онлајн содржината.
„И покрај ентузијазмот многу веб корисници се претпазливи со изразувањето и отворено говорење на интернет. Анкетата покажа подеднаква поделеност меѓу тие што мислат дека интернетот е безбедно место за изразување ставови (48%) и тие што не го мислат тоа (49%).“ пишува BBC во извештајот.
Во Јапонија 65% испитаници би биле претпазливи за отворено искажување ставови, додека пак во Индија 70% од луѓето мислат дека можат да си говорат слободно на интернет. Исто така поголемиот дел од испитаните мислат дека интернетот не треба да се регулира од властите.
Бидејќи Македонија не е опфатена со анализата на BBC од десната страна на нашиата страна ќе најдете анкета па кажете ни што мислите – Дали пристап до интернет треба да е основно човеково право?