Написи тагирани со бесплатна алатка

15 написи
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести Совети

Користете различни оперативни системи од USB со Ventoy

Имате USB драјв, многу оперативни системи и желба за инстантен пристап до нив од еден компјутер? Да ве запознаеме со Ventoy, апликација која ќе ви дозволи да складирате најразлични Windows и Linux оперативни системи на едно USB и директно да им пристапите преку нив без да го формирате драјвот на вашиот компјутер или да се […]

0 коментари Прочитај 10 јуни, 2020
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети Софтвер

Претворете ја вашата тастатура во глувче со NeatMouse

Доколку, од некоја причина, се мачите со вашето глувче или пак барате малку поразлична ефикасност, NeatMouse е бесплатна алатка која ви дозволува да ги префрлите сите акции кои се прават со глувчето, директно на тастатурата. Па така, акциите како десен или лев клик, скролување и слично, NeatMouse ги префрла на нумеричката тастатура. Не е никаков […]

0 коментари Прочитај 5 ноември, 2018
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети

Создавајте бесплатни дијаграми со draw.io Desktop

Во случај да имате потреба од создавање најразлични дијаграми, тогаш едноставно морате да се запознаете со потенцијалите на draw.io Desktop. Ова апсолутно бесплатна алатка ви дозволува да се изгубите во најразлични шеми и да создадете најразлични дијаграми, како комплексни BRMN workflows, UML дијаграми, најразлични тековни дијаграми, како и mind мапи и мрежни инфраструктури. Сѐ што […]

0 коментари Прочитај 25 септември, 2018
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски feature Совети

Дознајте кој ви го троши интернетот со GlassWire 2

Дали би сакале да дознаете на што се троши вашиот интернет и кои апликации се осмелуваат да го зграпчат поголемиот дел од колачот? GlassWire е бесплатна алатка која ја надгледува вашата мрежа и ве информира кога одредени програми и компоненти на Windows оперативниот систем ќе се приклучат на интернет и на какви трошоци ве изложуваат. […]

0 коментари Прочитај 21 февруари, 2018
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети Софтвер

Спречете потенцијални OS инфекции со новата алатка OSArmor

Најбрзиот начин до непотребна главоболка е преку закачување тврдоглави штеточини во форма на malware или ransomware. За последиците од ваквото нешто сме пишувале во бројни прилики, како и за еден од подобрите софтверски решенија за нивно спречување. Најновата безбедносна алатка која се труди да пoнуди дополнителен штит одбрана нѝ доаѓа од NoVirusThanks. OSArmor е исклучително […]

0 коментари Прочитај 15 февруари, 2018
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Софтвер

Darktable едиторот за слики стана достапен и за Windows

Darktable e солиден едитор на слики кој веќе одредено време е достапен за корисниците на Mac и Linux. Од неодамна, едиторот најде дом и во Windows опкружувањето. Како целосна Windows верзија, Darktable често се споредува со Adobe Lightroom затоа што овозможува RAW процесирање, напредно non-destructive уредување, професионално управување со бои, моќен систем за екстракција и […]

0 коментари Прочитај 8 февруари, 2018
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети Софтвер

Shotcut е одличен видео едитор со моќни можности

Една од поголемите предности на Shotcut е тоа што не само што е open-source туку е и cross-platform, што значи дека работи на сите оперативни системи, за нула денари! Преку прекрасно-осмислениот интерфејс имате на располагање бројни опции за работа со аудио и видео материјали. За таа цел, програмот ја користи популарната алатка FFmpeg за внесување […]

2 коментари Прочитај 2 февруари, 2018
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски feature Совети

Колку време му треба на вашиот компјутер да се подигне?

Кога го чекате вашиот компјутер неверојатно долго време за да започнете со нормална работа, тогаш знаете дека имате проблем. Пред преземање драстични мерки, како форматирање на хард дискот и преинсталација на системот, би можеле да проверите кои се главните виновници за таквото нешто. BootRacer е одлична бесплатна алатка која ви кажува точно колку време е потребно […]

0 коментари Прочитај 15 декември, 2017
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети Софтвер

Забрзајте го компјутерот со IObit Advanced System Care 11

Со години наназад, IObit Advanced System Care се труди да вдахне нова свежина во вашето PC и да проба да ги забрза секојдневните рутини, од чистење на системот, преку зголемување на перформансите, па се до заштита на вашата приватност. Единаесеттата верзија ја продолжува истата мисија и, преку суптилно променет кориснички интерфејс, ви дозволува да кликнете […]

0 коментари Прочитај 14 декември, 2017
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски feature Совети

Збир од корисни алатки за подобро здравје на Windows, со Windows Repair Toolbox 2

Со оглед на бројните комплексни операции кои се изведуваат на секојдневно ниво, Windows оперативниот систем знае да потфрли во моменти кога таквото нешто е сè само не добредојдено. Windows Repair Toolbox 2 е алатка која функционира како центар од кој се покренуваат бројни други алатки кој ќе дадат сè од себе да ги искоренат или, во […]

1 коментар Прочитај 31 октомври, 2017
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети

Спас од Ransomware со Bitdefender Ransomware Recognition

Ransomware и те како знае да го загрози вашето психичко здравје, особено кога целосно ќе се вдоми во вашиот компјутер, ќе ги шифрира вашите лични податоци и ќе бара одредена сума пари за да ви ги отклучи податоците. Од Bitdefender се испорачува бесплатна алатка која би можелa да ви ги поврати податоците без да ве […]

2 коментари Прочитај 30 октомври, 2017
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски feature Совети

Најдете ги потребните драјвери со Driver Booster 5 free

Windows 10 има повеќе од одлична алатка за пронаоѓање и инсталирање на соодветни драјвери, за да може вашиот компјутер да функционира онака како што е замислено. Но, доколку сакате подобар увид и поголема сигурност за ова, ви препорачуваме да ја проверите најновата верзија на Driver Booster. Бесплатната верзија на алатката го скенира вашиот систем и […]

1 коментар Прочитај 27 октомври, 2017
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети Софтвер

Заштедете време со Ellp, бесплатна алатка за автоматизирање рутини

Поодамна пишувавме за тоа како да ги елиминирате здодевните рутини со If by IFTTT, односно како да ги автоматизирате таквите операции преку Workflow за iOS. Ellp е повеќе од истото, но во малку поразлично пакување, а причината поради која сме особени фанови на оваа бесплатна алатка е подобрата интеграција со Windows опкружувањето. Програмот ви дозволува на […]

0 коментари Прочитај 17 октомври, 2017
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети Софтвер

Разубавете ги вашите фотографии со On1 Effects Free

По цена од 60 долари, On1 Effects се истакнуваше како исклучително моќна алатка која знае како да ги среди вашите фотографии. Алатката се одликуваше со стотици филтри, граници, пресети и текстури кои можевте да ги прилепите на вашите фотографии за да им го дадете саканиот финиш. И понатаму го можете истото, но за таквото нешто […]

0 коментари Прочитај 9 октомври, 2017
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети

Со Exact Audio Copy може да копирате изгребани CD-а со совршени резултати

Времето на CD-ата е далеку зад нас, но доколку располагате со неколку изгребани CD-а би можеле да им вдахнете нов дигитален живот со Exact Audio Copy. Exact Audio Copy е бесплатна алатка која ви дозволува да ги преземете аудио траките во квалитетните формати FLAC или WAV, a за да бидат работите уште подобри, секој сектор од […]

1 коментар Прочитај 12 септември, 2017
Мени
Заедница
Изглед
To top