0 коментари 2 мин. читање 15 декември, 2017

Колку време му треба на вашиот компјутер да се подигне?

Кога го чекате вашиот компјутер неверојатно долго време за да започнете со нормална работа, тогаш знаете дека имате проблем. Пред преземање драстични мерки, како форматирање на хард дискот и преинсталација на системот, би можеле да проверите кои се главните виновници за таквото нешто.

BootRacer е одлична бесплатна алатка која ви кажува точно колку време е потребно за да оперативниот систем се вчита и навлезе во прифатлив стадиум на нормална работа. Дополнително, ви кажува и колку време им треба на програмите да се вчитаат паралелно со Windows преку посебниот оддел History. Тоа се програмите кои си земале за слобода автоматски да се покреваат со секоја сесија, иако можеби вие не сте сакале да им го дозволите таквиот луксуз. Што добиете ваков увид, би можеле да пробате да го деактивирате нивното автоматизирано вчитување.

Најновата седма верзија на BootRacer може да детектира и BIOS Post Time Delay за UEFI и Windows 8 или 10, а забележително е и целосно-новиот редизајн на Startup Control функцијата. Под разбирливо, оваа верзија е целосно компатибилна со најновото, големо надополнување за Windows 10.

Во случај да барате поголема функционалност, на располагање имате и премиум верзија, по цена од 25 долари.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top