2 коментари 1 мин. читање

Shotcut е одличен видео едитор со моќни можности

Една од поголемите предности на Shotcut е тоа што не само што е open-source туку е и cross-platform, што значи дека работи на сите оперативни системи, за нула денари! Преку прекрасно-осмислениот интерфејс имате на располагање бројни опции за работа со аудио и видео материјали. За таа цел, програмот ја користи популарната алатка FFmpeg за внесување аудио и видео фајлови. Не се срами при справување со најновите формати, а нема да ве разочара дури и доколку сакате да процесирате видео материјали во 4К резолуција.

Уредувањето на мултимедијалните материјали се извршува од повеќе временски траки кои се справуваат со клипови во различни резолуции и фрејмови. На располагање имате тони ефекти, филтри и премини, со можности за суптилни и драстични корекции и трансформации.

Нaјновата верзија на Shotcut воведува нов Audio Spectrum Visualization филтер, подобра поддршка за фонтови, како и нов Mask филтер.

Независно од тоа дали сте почетник или искусен корисник, Shotcut 18 знае да се прилагоди на вашите познавања и да понуди одлични можности за забележително разубавување на вашите видео материјали.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top