0 коментари 2 мин. читање 8 февруари, 2018

Darktable едиторот за слики стана достапен и за Windows

Darktable e солиден едитор на слики кој веќе одредено време е достапен за корисниците на Mac и Linux. Од неодамна, едиторот најде дом и во Windows опкружувањето. Како целосна Windows верзија, Darktable често се споредува со Adobe Lightroom затоа што овозможува RAW процесирање, напредно non-destructive уредување, професионално управување со бои, моќен систем за екстракција и множество од други, подеднакво корисни алатки за уредување.

Со Darktable лесно управувате со дигиталните негативи во напредна датабаза, а благодарение на non-distructive функцијата, промените не се прилепуваат врз вашата оригинална слика и секогаш имате можност да се вратите на почетокот. Низ колекцијата од слики, пребарувате по тагови, оцени на слики, обележја во поглед на бои, а што се однесува до поддржаните формати, можете да се справувате со JPEG, CR2, NEF, HDR, PFM, RAF и повеќе.

Darktable е целосно бесплатен за користење, но одредени корисници опоменуваат на одредени ограничувања, како немање директна опција за печатење и одредени багови со TIFF управување со фајлови.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top