1 коментар 2 мин. читање 27 октомври, 2017

Најдете ги потребните драјвери со Driver Booster 5 free

Windows 10 има повеќе од одлична алатка за пронаоѓање и инсталирање на соодветни драјвери, за да може вашиот компјутер да функционира онака како што е замислено. Но, доколку сакате подобар увид и поголема сигурност за ова, ви препорачуваме да ја проверите најновата верзија на Driver Booster.

Бесплатната верзија на алатката го скенира вашиот систем и бара драјвери кои се или стари или пак целосно недостасуваат. Во случај да се исполни некој од овие предуслови, ќе добиете крајно едноставна листа со индивидуални или групни можности за надградба или инсталација на драјверите, преку процес кој е брз онолку колку што е безболен. Петтата верзија на Driver Booster 5 се одликува со подновен интерфејс, а ги поддржува само оние драјвери кои имаат го имаат поминато WHQL тестот, односно Windows Hardware Quality Labs. За побрзо преземање на драјверите, преку посигурна HTTPS конекција, дефинитивно помага и новиот алгоритам за компресија на податоците.

Driver Booster 5 free се испорачува и со дополнителни алатки кои ви дозволуваат да ги поправите најчестите проблеми кои се произлезени од несоодветни драјвери, како немање звук, мрежа или заклучена пониска резолуција. Како безбедносен вентил, опцијата System Restore ви дозволува да го вратите системот во некоја точка пред инсталирањето на драјверите, што знае да биде особено корисно доколку дополнително се искомплицира работата со инсталирање погрешни драјвери.

Driver Booster 5 ви нуди на располагање и професионална верзија. За 23 долари годишно, добивате датабаза со драјвери која е поголема од бесплатната за 200% и им нуди на таквите корисници повеќе од еден милион драјвери, побрзо преземање, автоматски надополнувања, и можност за бекап и враќање драјвери.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
N.K.
N.K.
8 years ago

Господ здравје да ви дај за оваа статија. Сеа можам да го искористам комплетно мојот компјутер. :)

Мени
Заедница
Изглед
To top