Во случај да имате потреба од создавање најразлични дијаграми, тогаш едноставно морате да се запознаете со потенцијалите на draw.io Desktop. Ова апсолутно бесплатна алатка ви дозволува да се изгубите во најразлични шеми и да создадете најразлични дијаграми, како комплексни BRMN workflows, UML дијаграми, најразлични тековни дијаграми, како и mind мапи и мрежни инфраструктури.
Сѐ што ќе создадете во draw.io Desktop можете да го сочувате во Google Drive или Microsoft OneDrive. Во случај да сакате да ја сочувате вашата работа во, да кажеме, Confluence или JIRA Cloud тогаш треба да платите исклучително ниска месечна претплата од 1 долар. Но, апсолутно нема потреба од посегнување по паричникот за некоја друга потреба. Сите останати функции се бесплатни и повеќе од спремни да ви помогнат да му дадете визуелна димензија на замисленото.
Почетниците можат да се радуваат на интуитивен интерфејс кој функционира на Drag & drop системот, а на располагање имате и бројни темплејти, како и изобилство од материјали кои ќе ви покажат како да го извлечете максимумот од алатката. Draw.io е компатибилна со кој било прелистувач и можете да ја користите кога сте онлајн, или офлајн.