0 коментари 1 мин. читање 5 ноември, 2018

Претворете ја вашата тастатура во глувче со NeatMouse

Доколку, од некоја причина, се мачите со вашето глувче или пак барате малку поразлична ефикасност, NeatMouse е бесплатна алатка која ви дозволува да ги префрлите сите акции кои се прават со глувчето, директно на тастатурата.

Па така, акциите како десен или лев клик, скролување и слично, NeatMouse ги префрла на нумеричката тастатура. Не е никаков проблем ни доколку сакате акциите од глувчето да ги префрлите на некои други копчиња од тастатурата; NeatMouse e исклучително флексибилна алатка во тој поглед.

Промените со NeatMouse се активираат и деактивираат со преку едно, претходно одредено копче од тастатурата, а лесно може да се контролира и брзината на стрелката.

Преземете ја алатката тука!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top