Ransomware и те како знае да го загрози вашето психичко здравје, особено кога целосно ќе се вдоми во вашиот компјутер, ќе ги шифрира вашите лични податоци и ќе бара одредена сума пари за да ви ги отклучи податоците.
Од Bitdefender се испорачува бесплатна алатка која би можелa да ви ги поврати податоците без да ве принуди да преземете драстични мерки, но за таквото нешто потребно е да го знаете името на ransomware кој го има нападнат компјутерот.
Во случај да стапи на сила несаканото, преземете го Bitdefender Ransomware Recognition, покренете го програмот и внесете јa локацијата на забелешката за закуп или пак некој од шифрираните фајлови. Штом ова го направите, алатката ќе проба да ја идентификува штеточината и да ви овозможи соодветни алатки за отклучување на податоците.
Нормално, за подобра заштита ви препорачуваме да ги искористите потенцијалите на Iperius Backup Free 5, за да направите бекап на вашите податоци или пак SoftPerfect File Access Monitor за да дознаете што се случува со вашиот компјутер и дали е изложен на ransomware инфекции. На неколку корисни совети би можеле да наидете и тука!
[…] Антивирусот Bitdefender е исклучително способен антивирус каде фокусот е на минималистички пристап, со минимално трошење ресурси и скоро никакво малтретирање да ја купите комерцијалната верзија. Bitdefender Home Scanner, пак, идентификува потенцијални, безбедносни проблеми во вашата мрежа, а Bitdefender Ransomware Recognition би можелa да ви ги поврати податоците без да ве принуди да преземете драстични мерки. Прочитајте повеќе за првата, односно втората алатка. […]
[…] во бројни прилики, како и за еден од подобрите софтверски решенија за нивно […]