Дознајте кој ви го троши интернетот со GlassWire 2

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Совети

Дали би сакале да дознаете на што се троши вашиот интернет и кои апликации се осмелуваат да го зграпчат поголемиот дел од колачот?

GlassWire е бесплатна алатка која ја надгледува вашата мрежа и ве информира кога одредени програми и компоненти на Windows оперативниот систем ќе се приклучат на интернет и на какви трошоци ве изложуваат. Ова знае да биде особено корисно доколку сакате да дознаете дали некои сомнителни активности произлегуваат од некоја штеточина или пак комшиите едноставно решиле да ги избришат сите граници и да се почестат со вашата лозинка на подолг временски период.

Најновата, втора верзија се одликува со нов изглед и неколку дополнителни алатки, како опцијата да скенирате сомнителни фајлови со VirusTotal или да детектирате таканаречени evil twins, oдносно лажен wi-fi пристап кој е замислен да изгледа како вистински, а всушност краде лозинки и ред други работи. Бесплатната верзија доаѓа со седумдневна пробна верзија на платежната едиција.

Oткако ќе инсталирате и покренете GlassWire 2 ќе забележите како жолтата боја го означува моментното преземање (download), а црвената боја го означува поставувањето (upload). За секоја активност, можете да побарате подетален увид така што ќе кликнете на соодветните маркери. Glasswire прикажува активност во последните пет минути, но ова може да се прошири на последните три часа, или последните 24 часа, недела или месец. За подетални прикази, упатете се кон јазичето Usage. За скенирање фајлови со VirusTotal првин мора да ја овозможите функцијата преку Settings, па VirusTotal, па да кликнете на Unlock. Дефинитивно посветете внимание и на јазичето Alerts, затоа што од тука можете да видите известувања кога некој по прв пат ќе пристапи кон мрежата, дали одредена апликација ќе ги промени деталите или пак ќе се детектира evil-twin мрежа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Data Masters

Data Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk