Користете различни оперативни системи од USB со Ventoy

Имате USB драјв, многу оперативни системи и желба за инстантен пристап до нив од еден компјутер? Да ве запознаеме со Ventoy, апликација која ќе ви дозволи да складирате најразлични Windows и Linux оперативни системи на едно USB и директно да им пристапите преку нив без да го формирате драјвот на вашиот компјутер или да се малтретирате со други комплицирани процесури.

Со Ventoy едноставно копирате еден или повеќе ISO фајлови кои содржат оперативен систем и, потоа, добивате пристап до него. Студиото зад алатката има тестирано над 260 ISO фајлови, што значи дека, доколку навистина сакате, можете да го наполните вашето USB со огромна бројка оперативни системи, спремни за релативно брз пристап до нив.

Ventoy е open-source, целосно бесплатна алатка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments