Google ќе работи со LG на Nexus Tablet
Според Елдар Муртазин кој е познат тоа што кај него стигаат прво информациите пред да дојдат до другите, Google заедно со LG работи на нов Nexus таблет со Honeycomb платформа кој ќе биде лансиран ова лето.
Според Елдар Муртазин кој е познат тоа што кај него стигаат прво информациите пред да дојдат до другите, Google заедно со LG работи на нов Nexus таблет со Honeycomb платформа кој ќе биде лансиран ова лето.
<Надополнето > Apple после бурната реакција на интернет, вчера вечер ја отстрани апликацијата, се уште не давајќи официјална изјава или пак објаснување. Ако сега го пребарате низ App Store името Exodus Internacional, нема да добиете никаков резултат. Исто така, тоа може и да се потврди од твитот на предсетадателот на христијанското здружение.
Amazon ја стартуваше својата - App Store for Android - продавница за мобилни апликации, кој за разлика од официјалниот Android Marketplace има построги правила и се одобруваат апликации. За жал продавницата не е достапна за .мк корисниците. Може да се инсталира, но не и преку неа да се симнуваат апликации.
Apple ќе вгради Near Field Communication (NFC) чипови во новиот iPhone 5, пишува Forbes повикувајќи се на извори кои работат на NFC продукт, со што продолжувајќи ги шпекулациите кои се движеа од топло до ладно во последнава недела.
Некои веб апликациите кои се стартувани од home screen на цел екран на iPhone или iPad, наместо преку Safari прелистувачот, не го добиваат ветенота 2.5+ пати побрзо функционирање со JavaScript за iOS3.
<Надополнето:> Apple велИ дека ова истражување си има свои маани. Blaze за ова истражување користеа апликации кои сами ги развиле, наместо оригиналните производи, како на пример Safari, a во извештајот иако ја имаат дадено оваа информација, имаат напишано дека ги користиле предностите што ги има новиот iOS 4.3, како подобрениот Safari со Nitro енџинот. Apple вели дека апликациите кои го имплементираат UIWebView за да овозможат функции за „сурфање“ како што направиле Blaze, не ги користат подобрувањата до новиот iOS 4.3, и дека тоа можеби е причина за толку високата разлика.
Да, баш така како што вели насловот, Frenzy е социјална мрежа кој е единствено дел од Dropbox и чии бенефити можат да ги искористат само корисниците на Mac.
Total Immersion кои се глобални лидери во проширената (дополнета) реалност ја креираат првата апликација за iPad 2. Апликацијата е наречена “AR Magic Mirror” и им овозможува на корисниците да „испробаат“ разни фризури, облеки или модни додатоци одгледувајќи се од таблетот.
Иако официјално натпреварувачите кои требаа да ги предизвикаат прелистувачите не се појавија на натпреварот, правилата си се правила, и Google Chrome и Mozilla Firefox се прогласени за непобедени на Pwn2own. Ова е трет пат по ред Google Chrome да не биде компромитиран на Pwn2own, а првпат за Mozilla Firefox.
Новиот iOS за iPhone, iPad и iPod touch можете да го симнете преку iTunes, откако ќе го конектирате вашиот уред. Има новини во AirPlay, воводувањето на Personal Hotspot, iTunes споделување и забрзување на Safari.
Аpple објави 14 видеа преку кои ги претставува можностите и опциите на новиот iPad 2. Видета очигледно се наменети да привлече повеќе корисници, да го промовира уредот и да ги истакне новините како FaceTime, Airplay, iMovie...
Microsoft ќе и плати милијарда долари на Nokia за промоција на нивната мобилна платформа, додека Nokia ќе плати за секоја копија на Windows Phone во своите телефони што би требало да ја направи профиталилна инвестицијата на Microsoft во рок од пет години, колку што е замислена соработката. Додатно Nokia ќе ги намали трошоците за истражување и развој, пишува Bloomberg повикувајќи се на извори кои сакаат да останат анонимни бидејќи договорот се уште не е финализиран.
Facebook и Skype преговараат за да го продлабочат своето партнерство. Иако од двете страни нема никакви официјални информации, „интернетот“ вели дека после интегрирањето на Facebook статусите во Skype и контактите, ваквиот чекор како следен е очигледен.
iBoobs, апликација за играње со женски гради, пред две години беше тргната од Apple, кој, секогаш играјќи по строгите правила, рече дека не сакаат апликации со ваква тематика во нивната продавница. Но, затоа пак креаторите на iBoobs најдоа излез во Android платформата и Google кои очигледно се поотворени на таа тема.
Според Вол Стрит аналитичарите, побрзиот, потенок и полесен втора генерација iPad таблет е повеќе „еволуциски“ од „револуциски“, но сепак ќе биде уште еден хит од Apple кој ќе донесе пари.
Веб прелистувачот Opera се појави во Mac продавницата за апликации и беше одбележана од Apple како апликација за која треба да имате најмалку 17 години за да ја користите.
Стив Џобс го претстави iPad 2, вториот таблет компјутер на Apple кој е со „нов дизајн“ и е „потенок, полесен и побрз“ од првата генерација.
Во исчекување на iPad 2, чие претставување ќе се случи денес, Digitimes, повикувајќи се на извори од дистрибутерската мрежа, објави интересна информација дека Apple планира да дистрибуира од 6 до 6.5 милиони iPad таблет компјутери во првиот квартал од 2011-та година.
Apple не сака своите популарни уреди да бидат „само за богатите“ со што се потврдуваат гласините дека може да видиме и помал и поевтин iPhone за помасовниот пазар, пишува Forbes кои се повикуваат на белешки на аналитичарот Тони Саконаги од Bernstein Research од состанок со Том Кук, директор за операции на Apple.
Иако можеби насловот звучи драматично, или дури и катаклизмично, сепак не може да се каже дека не е реален и e претеран. За да видиме зошто, ќе направиме една ретроспектива на минатото, преглед на сегашноста и анализа на иднината според параметрите кои сега ни се достапни и трендовите кои денес се поставуваат.