Што велат Вoл Стрит банкарите за iPad 2?

во Хардвер

Според RBC Capital Markets, најголем адут на iPad 2 е паметната покривка која демонстрира иновација со која Apple ќе го задржи водството на пазарот. Добро е што настанот го презентираше Стив Џобс, со што се отстранија дел од стравувањата за неговата болест и дали ќе треба да се постави нов човек. Останатите новини како двете камери, FaceTime и HDMI порт, dual-core процесор се дополнителни детали кои ќе допринесат iPad да остане „крал на таблет компјутерите“.

Кога сме кај доминацијата, истражувачите од Forrester објави дека очекува iPad да држи 80 отсто од тaблет пазарот во 2011-та за Forrester Аpple има предност пред конкурентите не само со тенкиот уред, туку со содржината, од над 65.000 апликации само за iPad и со поврзаноста преку Apple Store.

Според аналитичарите од Morgan Stanley, со iPad 2 Аpple ќе продолжи да го предводи пазарот со градејќи врз оригиналниот iPad и неговиот екосистем. Според нив, настанот не донесе големи изненадувања, но имало драматични подобрувања на уредот. Повторно, паметната покривка се очекува да биде доста прифатена од корисниците.

Според JP Morgan, импресивно е што Apple ја претстави својата втора генерација iPad-и токму во време кога конкуренцијата започнува да креира прототипи од први генерации таблет компјутери. Според нивните аналитичари, интерактивните апликации iMovie, GarageBand и FaceTime ќе го предводат растот кај помладите корисници.

(via Apple Insider)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk