Првата апликација за проширена реалност за iPad 2

Апликацијата користи технологија за препознавање лица за да го идентификува корисникот и да му додаде 3D подобрување на нивната видео слика во реално време преку фукционалноста која ја нуди аугментираната реалност. Апликацијата ќе биде достапна бесплатно да се симне од iTunes, но се уште не е познато кога ќе биде тоа.

На официјалниот блог Бруно Узан кој е еден од сопствениците на Total Immersion вели: „втората генерација на iPad е клучот кој ќе го овозможи она кое наскоро ќе го видиме како масивен опсег на моќни апликации за проширена реалност. Со преносливоста, процесирачката моќ и големата прифатеност од пазарот на iPad 2, едноставна апликација за откривање на лицето која постои денеска може да прерасне во суштинска алатка за преобразба во корист на малопродажните производи за убавина. Како што и традиционална партија шах може да стане масивна игра со повеќе играчи кои играат во реалниот свет покрај јасни 3D карактери и околини.“

Што ќе ни нуди и овозможуваа оваа апликација кога ќе биде достапна, може да погледнете на видеото.

Исто така, покрај оваа апликација наскоро за iPad можеме да го очекуваме и Junaio кој е најнапредниот прелистувач за аугментирана реалност. Junaio ви овозможува дa откривате интересни информации околу вас релевантни за вашата локација, односно дава информации за местото на кое покажува вашата камера (секако доколку се достапни). Што може да очекувате погледнете на видеото.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk