Microsoft и Nokia најавија соработкa во февруари, со која Nokia ќе ja прифати Windоws Phone мобилната платформа како примарна за своите телефони, заменувајќи го неконкурентниот Symbian оперативен систем.
Тоа што ги натера Microsoft и Nokia на соработка е доминацијата на Apple со своите iOS уреди (iPhone и iPad) и агресивноста на Google со својот Android оперативен систем кој станува се попопуларен и се попродаван. Во таков пазар Symbian е апсолутно неконкурентен поради лошиот интерфејс и недоволно добри апликации, иако Nokia продава огромна бројка на паметни телефони во моментот, додека Microsoft со својот нов редизајниран Windows Phone е далеку зад конкурентите според бројот на уреди кои го користат и бројот на апликации кои може да ги понуди.
Со соработката Microsoft и Nokia ќе споделат патентите за разни мобилни технологии, а најверојатно ќе соработуваат во истражување на нови, пред се на таблет компјутери и други модерни уреди.
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.