Avatar photo

Гоце Постоловски

3 написи активност: 02/2011 - 05/2023

Гоце е SEO и консултант за дигитални медиуми, кој со ова професионално се занимава од „далечната“ 2009 година. Пред тоа работел како специјализиран ИТ новинар, дописник и главен и одговорен уредник, во и за неколку медиуми. „Зависник“ од читање на вести и новитети, од (скоро) сите области, од како знае да чита. Преферира кохабитација со сите животински видови, наместо нивна консумација.

Редакција
0
Avatar photo Гоце Постоловски Веб Колумни

SEO Вистинско, како да и што не [колумна]

SEO или Search Engine Optimization, во буквален превод „оптимизација за пребарувачи“ е процес при кој се подобрува веб сајтот за…. всушност, знаете што, не! Нема да започнеме така со општо познати сувопарни дефиниции, кои со многу зборови, најчесто повторени на милион места, кажуваат многу теорија, редослед на задачи и очекувани резултати, а сепак со нивна слепа […]

1 коментар Прочитај 15 мај, 2023
Редакција
0
Avatar photo Гоце Постоловски Рецензии Софтвер

Рецензија на Chrome 10

Ако се суди според бројот на верзијата на овој најнов интернет прелистувач од Google може погрешно да се заклучи дека постои многу години (на пример, интернет прелистувачот Opera кој е актуелен со верзија 11, датира од далечната 1996 година). Но сите, па и оние со пократко памтење, знаат дека првата верзија на овој прелистувач јаво беше презентирана на 3 септември 2008 година. Дали навистина за толку кратко време може да се претстават 10 различни стабилни верзии (дополнувањата и бета производите не ги сметам) и секоја од нив да има нешто ново, нешто подобро за да го заслужи епитетот финална? Колку и да звучи чудно, одговорот е да. Google Chrome 10 кој се појави неполн месец после верзијата 9, навистина има што да покаже, и пред неговите претходници, но и пред конкуренцијата од која зема се поголем дел корисници кои се согласуваат Chrome да биде нивен предефиниран прелистувач.

6 коментари Прочитај 14 март, 2011
Редакција
0
Avatar photo Гоце Постоловски Статии

Денот кога десктопот ќе стивне

Иако можеби насловот звучи драматично, или дури и катаклизмично, сепак не може да се каже дека не е реален и e претеран. За да видиме зошто, ќе направиме една ретроспектива на минатото, преглед на сегашноста и анализа на иднината според параметрите кои сега ни се достапни и трендовите кои денес се поставуваат.

3 коментари Прочитај 28 февруари, 2011
Мени
Заедница
To top
{title}