Заговор или не: iOS 4.3 JavaScript забрзување само за некои апликации

Развивачите велат дека ова е „заговор“ за веб апликациите да се извршуваат полошо од локална (native) апликации, со што Apple ги туркаат развивачите кон App Store, каде Apple имаат целосна контрола на тоа што се става и, секако, профит од 30% за секоја продадена апликација.

Покрај повеќе од двапати спората работа на апликациите кои се лансирани од home screen поради тоа што тие не го користат JavaScript Nitro енџинот кој е вклучен во новиот iOS 4.3, туку работат како на стариот iOS 4.2, има уште неколку грешки поврзани со истата ситуација. Ваквите аплцикации не можат да користат и неколку веб системи за кеширање, вклучувајќи го и HTML5 кеширањето на апликации, што им оневозможува да работат офлајн. Третиот и последен баг кој е најден, поврзан со овие home screen апликации, е тоа што не го користат новиот „асинхрон мод“ на Apple кој дозволува некои скрипти да се извршат пред другите, туку сеуште го користат стариот „синхронен мод“, што значи дека не изгледаат толку добро како апликациите отворени внатре во прелистувачот.

Apple знае за овие багови и ги има означено дека на нив се работи, но сепак немаат никаков коментар од Apple за обвинувањата.

(via Register)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments