Amazon стартува Android App Store, Аpple стартува тужба против него

во Мобилни

Интересно, веднаш по стартувањето на продавницата, Apple се закани со тужба против користената трговска марка „АppStore” за која Apple поднесе барање за регистрација пред две години велејќи дека „App Store“ е синоним за нивната продавница за апликации.

„Побаравме од Amazon да не го копира App Store името бидејќи ќе ги збуни и доведе во заблуда корисниците.“, вели Apple додавајќи дека Amazon планира да го искористи терминот „App Store“ и за својот мобилен сервис за симнување.

Што се однесува до новата продавница, Amazon нуди неколку погодности за корисниците. Пример, ќе го користи својот алгоритам, кој го користи со години за сугерирање слични продукти, да сугерира и други слични апликации. Дополнително, ќе има и опција Test Drive да се проба апликацијата на веб преку симулиран Android телефон, која се контролира со глувче, пред да се симне. Покрај ова, карактеристично за Amazon ќе има рецензии, слики од апликацијата и можност да се симне истата директно од веб на мобилен.

Amazon исто така сам ќе ги одредува цените на апликациите. Развивачите за апликации ќе предложат цена, која Amazon ќе може да ја смени.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments