It’s official, the @ExodusInl App is no longer in the @AppStore. Incredibly disappointing. Watch out, it could happen to you. #freedom
</надополнето>
Петиција која во моментов има 150 000 потписи од разни корисници успеа да го убеди Apple да ја отстрани Exodus International апликација коja „нуди поддршка за индивидуите кои сакаат да закрепнат од хомосексуалноста.“
Апликацијата на страницата на Apple има 4+ рејтинг, кој според компанијата е резервиран за оние апликации кои содржат материјал прифатлив за сите. Всушност, апликацијата функционира како преносна верзија на нивната страна. Содржи календар на нивните настани, линкови до местата за прва „помош“, линкови до нивните профили на социјалните медиуми и слично.
Можеби треба да се постави прашањето за двојните стандарди. Apple не дозволува фиктивно играње со женски гради затоа што може да е навредливо, но мисли дека е во ред да ја пренесуваат пораката дека „хомосексуалците можат да се излечат преку советување“. Од друга страна, лани Apple имаше различни критериуми во врска со „лекувањето“. Текстов вели дека откако само 7.000 корисници се потпишале на петиција која била наменета за сосема ист случај како овој, односно христијанска група која креирала анти-хомосексуална апликација, Apple веднаш ја остраниле апликацијата.

