Написи тагирани со Android

904 написи
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети

Evernote 2.0 за Android

Еvernote е доста корисна алатка со која можете да си додавате белешки додека сурфате. Можете да закачите фајл, слики, видео, да снимите аудио, текст, линкови... како и да пребарувате низ интернет при тоа одбележувајќи го тоа што ве интересира од сајтовите.

1 коментар Прочитај 9 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.ЕУ Мобилни

Symbian доби инвестиција од ЕУ за да конкурира на Аndroid и iOS

Symbeose или Symbian - вметнатиот оперативен систем на Европа е конзорциум од 24 организации од 8 ЕУ земји чија цел е да се развијат модерни проекти кои ќе го зголемат глобалниот дофат на Symbian, односно овој мобилен оперативен систем да стане поконкурентен со Google-овиот Android и Apple-овиот iOS. Инвестицијата од 22 милиони евра во непрофитната Symbian фондација доаѓа од ARTEMIS иницијативата на ЕУ за истражувања и развој.

7 коментари Прочитај 8 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Мобилни

Google Instant пристигна на Android и iOS

Инстант пребарувањето на Google, кога пребарувачот ви дава резултати додека го куцате терминот, сега е достапно и за мобилните верзии, односно за Apple уредите и мобилните телефони што работат на Google-oвиот Android оперативен систем.

0 коментари Прочитај 5 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Совети

8pen, oткачена и креативна тастатура на допир за Android

8pen на 3qubits ги заменува класичните, конвенционалните QWERTY тастатури на мобилните уреди на допир, и нуди нов начин на вметнување текст само со движење на прстите.

4 коментари Прочитај 4 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Мобилни

Mandroid.мк, нов портал за Android ентузијасти

Mandroid.mk е нов .мк портал со информации за мобилниот оперативен систем Android. Освен вести, Android ентузијастите ќе можат да најдат детали за мобилните телефони кои работат на овој оперативен систем, како и разни Android апликации.

3 коментари Прочитај 2 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Софтвер

Сега има над 100.000 Android апликации

Според развивачкиот тим на Android, сега има над 100.000 апликации за Google-овата мобилна платформа. Популарноста на Android продолжува да расте благодарение на отвореноста, софтверот е со отворен код па многу производители го преферираат Android за своите мобилни уреди. Досегашните верзии на платформата ги преферираа мобилни телефони, но се претпоставува дека најновата 3.0 Gingerbread верзија на Android ќе биде приспособена за таблет компјутерите. Појавувањето на Android таблет компјутери сигурно ќе значи и повеќе апликации.

0 коментари Прочитај 25 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Google го потврди Android Gingerbread со поставување статуетка

Gingerbread е името на се уште не објавената 3.0 верзија на Android мобилната платформа. Google не даде официјална изјава, туку ова се потврди со видео „Ние готвевме нешто...“ во кое се гледа поставувањето на Gingerbread man статуетката на кампусто на Google. (Ако се чудите на името и статуетката, Gingerbread е колаче од ѓумбир, вакви колачиња во форма на човече се традиционално нешто во САД)

1 коментар Прочитај 23 октомври, 2010
Редакција
1
stole Мобилни Совети

Android менаџер за безжична синхронизација меѓу телефон и PC

Android WiFi Manager е нова бесплатна алатка со која безжично го синхронизирате вашиот Android телефон и вашиот компјутер, пренесувајќи ги контактите, сликите, пораките, видеата, музиката и апликациите. За да ја користите синхронизацијата PC-то и телефонот мора да бидат на иста WiFi мрежа.

1 коментар Прочитај 22 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ Мобилни

Неколку Android апликации од предизвикот на Vip Србија

По Македонија и Хрватска, и во Србија заврши Vip Android предизвикот и се прогласија победниците. На српскиот натпревар победи апликацијата B92, но беа доделени и награди низ четири категории: забава, информација, комерцијални аппликации и најдобрите надградени апликации од претходниот конкурс.

0 коментари Прочитај 20 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

Пријавени 279 Android апликации за предизвикот на One

One ја објави листата на 279-те Android апликации кои се пријавија на предизвикот. Но, ова не значи дека имаме толку апликации, туку дека тој е бројот на пријавени идеи, предлози за апликации кои имаат време до 19 ноември да се реализираат со цел да преминат во вториот дел од натпреварувањето. Се сеќавате на Vip предизвикот се пријавија 212 апликации, на крај се реализираа „само“ 89.

3 коментари Прочитај 7 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Достапен Skype за Android

Skype сега може да се користи на Android, но само на телефон со Android 2.1 верзија или нагоре. Со Skype за Аndroid ќе можат да се прават Skype на Skype разговори како и текстуалното допишување преку IM. Доколку се врти на телефони (преку Wi-Fi и 3G) тоа ќе биде наплатено според Skype кредитите.

7 коментари Прочитај 5 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ Мобилни

Vip Хрватска стартува Nokia Symbian предизвик

Vip Хрватска во соработка со Nokia стартува предизвик за хрватските програмери да креираат Symbian апликации во WRT или Qt фрејмворк.

1 коментар Прочитај 4 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Свет

Платени Android апликации ќе се продаваат во уште 20 земји, но не и во Македонија

Google додаде уште дваесетина земји, вкупно 29, од каде развивачи на апликации можат да се регистрираат со Google Checkout и да продаваат апликации. Меѓу новите додадени земји се Норвешка, Белгија, Канада, Данска, Финска, Шведка, Русија... целата листа тука.

0 коментари Прочитај 1 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Google претстави галерија на Android телефони

Претходно беше неуспешна продавница, а сега google.com/phone адресата води кон галерија на сите Android телефони од разни производеители. Сите телефони се со Google продукти: Google Search, Gmail, Maps, YouTube...

0 коментари Прочитај 30 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Google Chrome OS ќе се појави до крајот на годинава

Ноутбуковите кои ќе работат на Chrome оперативниот систем ќе се појават до крај на годината и ќе бидат произведени од Samsung, Acer, Asus, Toshibа и HP, вели главниот дизајнер на Chrome ОС, Глен Марфи во интервју за Sydnеy Morning Herald.

4 коментари Прочитај 27 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Интервју со Ристо Мучев, добитник на 13 телефони за 13 Android апликации

Покрај победниците и сите македонски апликации од Vip Android предизвикот, вниманието го привлече и Ристо Мучев добитник на 13 HTC Tattoo телефони. По еден телефон за одобрена апликација беа правилата нa VIP. Дупка во правилата или добра воља, сеедно, г. Мучев ги доби телефоните. Тој задржа еден за себе, дел подели на најблиските, а дел подари на студентите на ФЕИТ бидејќи таму го запознал Android.

10 коментари Прочитај 24 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Интервју со WebFactory, креаторите на SpotMe

Spot Me е второнаградената аппликација на Vip Android предизвикот. Spot Me ја користи GPS и локацијата за да понуди избор на најблиски кафулиња, театри, настани... За местата може да се оставаат коментари, да се рангираат и доколку имаат телефонски број да се изврши повик до самото место директно од апликацијата.

6 коментари Прочитај 24 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Интервју со креаторите на ПоправиМК

ПоправиМК е веб сервис и мобилна Android апликација која го освои првото место на Vip Android предизвикот. ПоправиМК e сервис кој им овозможува на корисниците да пријават проблем на јавните простори, со слика при тоа означувајќи ја локацијата на мапа. Aпликацијата е креирана од софтверскиот инжинер Далибор Насевиќ и веб и графички дизајнер Диме Пашоски.

0 коментари Прочитај 24 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Мобилни

Сите апликации од Vip Android предизвикот

Vip конечно ја објави листата на сите апликации кои учествуваа на натпреварувањето. Покрај двете победнички Android апликации, третото место го поделија 78 апликации. Сите апликации се на македонски и се бесплатни, па доколку користите Android ќе ги најдете на Android пазарот. Симнете, тестирајте ги и пишете ни што мислите!

2 коментари Прочитај 21 септември, 2010
Мени
Заедница
Изглед