1 коментар 1 мин. читање 4 октомври, 2010

Vip Хрватска стартува Nokia Symbian предизвик

Symbian платформата е една од покористените платформи со околу 175 милиони корисници, но проблемот е што нема многу апликации за оваа платформа во Ovi Store продавницата споредено со iPhone или Android апликации. Затоа можеби е корисно што Nokia го следи Android примерот и започнува соработка со мобилните оператори за да ги награди програмерите, посебно балканските програмери кои можат да изработат локализирани апликации.

Мoментално Symbian предизвикот стартува само во Хрватска. Oд Vip Македонија, кои се сестра компанија со таа од Хрватска, велат дека моментално не размислуваат за нов предизвик бидејќи се довршува Android натпреварот и се промовираат апликациите.

но не би ме изненадило да се продолжи трендот на предизвикување на локалните програмерите да креираат апликации за одредени платформи.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Кирче
Кирче
15 years ago

Аии глупости, најглуп оперативен систем е овој на Нокиа. VIP Македонија никако несмее ваков предизвик да даде, посебно не сега кога скоро сите се откажаа од него освен Нокиа кои се повеќе заостануваат зад iPhone и Google

Мени
Заедница
Изглед
To top