Проблемот со Symbian не е достапноста. Таа е најдостапната платформа на мобилниот пазар, но според бројот на апликации и кредибилитет кај развивачите на апликации за паметните телефони, Symbian е далеку зад Android и iOS. Дури и досегашните партнери Samsung и Sony Ericsson се префрлија на Android. Всушност, според некои Symbian пропаѓа.
Но, можеби оваа инвестиција ќе го оживее проектот. Конзорциумот ќе се фокусира на „радикално подобрување“ на новите Symbian уреди во обид да развие нови основни можности за платформата, нудејќи подобро искористување на батеријата, подобра оптимизација…
„Друг добар пример се однесува на концептот „cloud-computing“. Иако ова веќе има огромно влијание врз начинот како личната содржина се конзумира и менаџири, сепак техничката основа како облак процесирањето треба да се поддржи за идните мобилни уреди е се уште слабо дефинирана.“ објаснуваат од Symbian.
„Општата цел на Symbeose проектот е да охрабри соработка низ индустријата: работејќи на отворен начин што ќе им дозволи на пошироката Symbian заедница да покаже специјален интерес во работата на конзорциумoт, да ги следи прогресот и да придонесе до работата.“
(via GigaOM)
Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.