Spot Me е креација на Web Factory, тим од пет члена: студентите од различни ИТ области Тодор Панев, Стефан Трајковски, Илија Лалковски, Михајло Штерјов и Марјан Николовски кој е вработен во ИТ компанија. Сите се ИТ ентузијасти кои претходно немале работено со развивање на Android апликации, па ова за нив е ново искуство кое на крај стана успешен проект.
Како изреагиравте на тоа дека сте го освоиле второто место и 150.000 вредната награда? Што ви дојде прво на ум да правите со парите?
Бевме пресреќни кога ја дознавме веста т.е. кога го добивме мејлот чиј наслов гласеше “Честито!“ :). Не ни беше толку за парите колку за промоцијата што ја добивме за нашата млада компанија. Се разбира сумата не е мала и ќе ја инвестираме во компанијата, како поттик за развој и реализација на нови проекти.
Локацијата е модерна технологија сега? Дали тоа ве натера да ја направите SpotMe? Како ја генериравте идејата за SpotMe, сигурно како голем тим сте имале голем број идеи? Како дојде компромисот да ја одберете идејата?
Првично идејата беше да се направи ваква апликација како веб сервис, но излезе во пресрет Android предизвикот организиран од Vip и решивме да ја развиеме прво како мобилна верзија, а подоцна како веб сервис кој веќе е започнат. Сакавме апликацијата да не биде само локациско базиран сервис туку сакавме да додадеме и социјален елемент (chat).
Како ја реализиравте апликацијата? Кој член од тимот беше задолжен за кој дел? Кој алатки ги користевте?
Апликацијата ја развиваме еден месец, се поделивме секој на различно поле, сервер, апаликација, локација на места и локали и сл. Ниту еден член од тимот предходно немаше работено (развивано) на оваа платформа што за нас беше едно ново искуство. Апликацијата исто така комуницира со сервер базиран на J2EE, како развојна околина беше користено Eclipse и веб сервиси за комуникација за апликацијата со серверот.
Што понатаму за SpotMe? Ќе продолжите да ја унапредувате апликацијата? Ќе и ставите цена? Ќе ја направите достапна за iPhone и Blackberry?
Па ќе продолжиме да ја развиваме секако не застануваме тука, како што кажавме веќе е започнат веб сервисот кој ќе содржи уште неколку функционалности кои нема да ги откриеме сега. Едноставно сакаме да биде достапна за секого. Во план е и изработка на апликацијата за iPhone, се надеваме понатаму и за останатите платформи.
Дали имате програмирано и на други мобилни платформи – iPhone, Blackberry… и доколку да, како се споредува развојот за тие ОС-ови со Android?
Андроид платформата нуди поголеми можности на развивачите како на пример искористување на основните функции на телефонот кои кај iPhone се невозможни се мисли на праќање порака, воспоставување повик и сл. Најважното од се е што апликациите за Андроид се објавуваат полесно на маркет во однос на iPhone каде што апликацијата треба да биде одобрена од нивна страна и со тоа се забавува развојот на апликациите.
Што мислите за Android? Кој е најголемиот проблем со кој се соочува еден Android девелопер?
Како еден од водечките ОС за smartphones претставува одлична платформа за работа. Ни се допаѓа големата отвореност и тоа што има големо community. Најголем проблем е да се направи една иста апликација да работи на било кој телефон всушност секој производител различно го имплементира андроид оперативниот систем. Телефоните имаат различни резолуции, различни перформанси и сл.
Што мислите за апликациите кои учестуваа на Vip предизвикот. Кажете ни која апликација ви се допаѓа?
Убаво е да се видат толку македонски апликации на едно место со самото тоа се покажува дека има доста потенцијал во земјава и беше потребен еден мал потик како овој како ВИП Андроид Предизвикот. Неможеме да избереме некоја посебно, но има доста солидни апликации кои мислиме дека се корисни во секојдневниот живот.
За крај, совет за учесниците на Оне Аndroid Предизвикот? :) Дали ќе учествува вие тој предизвик?
Компанијата сеуште размислува за евентуално учество. Може да кажеме дека најважна е тимската работа и испорачката на целосна апликација (комплементарност од дизајн, функционалност и комплентост).
Popravi mk ima nesto novo, za razlika od ovaa aplikacija koja e super, no e ista kako onaa sto pobedila vo srbija.
> Бравос дечки! Стварно ми се допаѓа оваа апликација!
Според мене оваа требаше прва да биде а не поправи мк :D
Жирито си го кажа своето.
Тоа е и “проблемот“.
Проблемот (без наводници) е некаде надвор од перцепцијата на жирито. Поздрав. xD