0 коментари 1 мин. читање

Платени Android апликации ќе се продаваат во уште 20 земји, но не и во Македонија

Ова значи дека развивачите на апликации од земјите на листата ќе можат да продаваат апликации во сега вкупно 29 земји. Од друга страна корисниците од тие 29 + додатни 19 земји ќе можат да купуваат апликации кои се регистрирани за продажба со сите земји или со матичната земја. Пример, Bank of America апликацијата е само за американските корисници.

Македонија не е на листата, што значи дека македонските развивачи и корисници се уште немаат пристап до платените Android апликации. Сега за сега останува најавaтa на Google дека ќе се трудат во наредните месеци да го донесат Android пазарот и во други земји, можеби и во Македонија.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top