Yahoo лансираа своја верзија на Google Instant Search
Yahoo објавија своја верзија на Google Instant, алатката која прикажува резултати уште пред да го допишете клучните зборови кои сакате да ги пребарате.
Yahoo објавија своја верзија на Google Instant, алатката која прикажува резултати уште пред да го допишете клучните зборови кои сакате да ги пребарате.
Инстант пребарувањето на Google, кога пребарувачот ви дава резултати додека го куцате терминот, сега е достапно и за мобилните верзии, односно за Apple уредите и мобилните телефони што работат на Google-oвиот Android оперативен систем.
Прочитавме дека Google Instant ќе биде овозможен за Chrome и бидејќи не сакавме да чекаме и бидејќи го сакаме Firefox го направивме InstantFirefox додатокот, вели Коби Меначеми.
Google го стартуваше Instant пребарувањето кое ви прикажува резултати во моментот на пишување на термините. Но... иако Google се потруди да ни понуди побрзо пребарување, тие се потрудија да скријат одредени резултати кои можат да навредат некого или да прикажат несоодветна содржина.
По Google и YouTube инстант сега се направи и инстант Google мапи и инстант Google Images, односно добивање локација во реално време додека куцате. Ова не е проект на Google, туку како и YouTube Instant, на индивидуален, вешт корисник.
Студент од Станфорд универзитетот доби работа во YouTube откако го креираше YouTube Instant. Импресиониран од Google Instant Ферос Абокадија на својот цимер му рече „се кладиме дека ќе направам YouTube Instant за еден час“. Три часа подоцна тој го објави сервисот.
Google го претстави инстант пребарувањето со кое добивате динамични релевантни резултати во моментот додека го куцате терминот кој ве интересира. Ново е и предвидувањето на терминот кој сега се појавува како сиви букви. Ова не само што ќе го направи пребарувањето позабавно, туку Google ќе ви понуди куп различни линкови за кратко време т.е. додека пишувате еден термин.