Андроид кој изгледа неверојатно живо
Geminoid DK e робот-хуманоид кој изгледа неверојатно жив. Тој е андроид копија на Хенрик Шарфе која изгледа буквално идентично.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Свет. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Geminoid DK e робот-хуманоид кој изгледа неверојатно жив. Тој е андроид копија на Хенрик Шарфе која изгледа буквално идентично.
Google Maps Navigation (BETA) е систем за GPS навигација поврзан со интернет кој, користејќи информации за сообраќајот на патиштата, ви кажува кој пат е најдобро да го одберете.
Технолошкиот напредок на медицината е особено значителен во последните неколку години. Сега, има надеж и за оние кои одамна го изгубиле видот, повторно да можат да го видат светлото на денот. Се работи за вештачка ретина (очна мрежница) преку која лицето на кое му е вградена може да гледа „груба“ слика од 60 светлосни точки, споредено со милионите кои ги гледаат здравите. Но, сепак е нешто нели?
Хакери користејќи phishing техники успеале да пробијат 150 компјутери од француското Министерство за финансии и да украдат документи поврзани со Г-20 организацијата чиј овогодишен собир ќе се одржи во Париз. Слични напади беа видени и против канадското Министерство за финансии во јануари. Канада беше гостин на минатогодишниот собир на Г-20.
Android Developers направија прекрасна виуелизација со која ни го доловија растот на Android платформата која стартуваше пред само две години, а веќе стана една од најпопуларните мобилни платформи, станувајќи неодамна и најпродаваната платформа во САД. И во Македонија Аndroid платформата станува се попопуларна, имаше два натпревари, предизвикот на Vip и нa Оne, и многу наши […]
„За најбрзо време до 1 милион следачи". Ова е Гинисовиот рекорд кој го заслужи познатиот актер Чарли Шин. Тој број го достигна за 25 часови и 17 минути, а во моментов таа бројка на @charliesheen е повеќе од 1.23 милиони. Направете refresh на страната и веднаш ќе видите дека бројката постојано се зголемува. Инаку, тој отвори свој Twitter профил на 1-ви март, само пред 3 дена. Неговата прва слика на TwitPic со чоколадно млеко и порно глумица е прегледана 1.2 милиони пати за само 24 часа.
Old Spice објавија „зад сцените“ видео за како се снимаше дел од феноменалната The Man Your Man Could Smell Like маркетинг кампања. Од видеото може да се види дека централниот лик, Исаиа Мустафа а.к.а Old Spice Guy всушност стои на висок столб додека ги кажува секогаш забавните монолози, и дека голем дел од сцената е всушност физички направен, што е доста забавно кога се менуваат цели сценографии во 30 секунди видео.
Бредли Менинг, 23-годишниот поранешен аналитичар во американската армија, се соочува со 22 нови обвинувања дека како извор на Wikileaks доставил стотици илјади доверливи документи. Едно од обвинувањата е „помагање на непријателот“ за што се одредува смртна казна. Обвинителите велат дека нема да ја бараат екстремната казна, но ако Менинг се прогласи виновен по сите обвиненија може да се соочи со доживотна затворска казна.
Аshleymadison.com e веб сервис кој им помага на луѓето во брак да имаат афери. Звучи интересно за многумина, но... уште поинтересно неодамна сите поголеми мрежи за рекламирање вклучувајќи ги Facebook, Google, Bing и YouTube, му забранија на сопственикот да ја рекламира страницата и некои од неговите слични проекти, најверојатно врзувајќи го со сексуални услуги.
Street View мапирањето на Google ќе се прошири и подалеку од улиците, благодарејќи на новите возилa кои ќе ги заменат колите кои досега ја вршеа работата. Првата мета на Google се туристичките атракции ширум светот, први додадени локации се во Франција (Château de Chenonceaux во Civray-de-Touraine), Ирска (Националните ботанички градини во Даблин) и САД (разни локации во Сан Диего).
Азискиот LG доби прелиминарна десет дневна забрана против Sony за продажба на PlayStation 3 заради прекршување на патенти. Во моментов десетици илјади PS3 уреди се конфискувани од царините во Ротердам и Шипхол во Холандија, кои се главни точки за увоз на PS3 во Европа, пренесува британскиот Guardian.
Google е во разговори со NBA и NHL за да се договорат за стримање на спортски натпревари во живо на каналот, нешто што беше претходно направено со индиската крикет лига, вели Гаутам Ананд, директор во Google за содржинско партнерство во Азија.
Британскиот суд од јужен Лондон пресуди. Основачот на контроверзниот Wikileaks, Џулијан Асанж ќе биде екстрадиран во Шведска каде тој е обвинет за сексуално насилство врз две жени. Британскиот судија го отфрли аргументот дека г. Асанж нема да добие соодветно судење во Шведска, каде законите против силување и сексуално насилство се строги. Според британскиот суд, сексуалното […]
Во нормалниот свет за да купите нешто онлајн ви треба еден клик на копчето „купи“, внесување на податоците и готово! Во Србија (може да се каже и во Македонија) ситуацијата е малку поразлична и вклучува жиро сметки, снегови и вијулици, пошта, 127 пензионери, зејтин, чекање пред шалтер, уплатници ... и по 4 дена по кликање на „купи“ сте завршиле работа.
Google и Apple стартуваа свои модели за претплата со кои им овозможуваат на издавачите да наплаќаат за својата содржина која се чита преку апликациите за паметни телефони и таблет компјутери. До сега праксата беше секое издание на весник или магазин да се продава посебно, како што ќе биде објавено, што ги правеше издавачите несреќни бидејќи корисниците често или забораваа и не се навраќаа на изданијата.
Колкаво значење има дизајнот? Дали променaта е доволна да го турнат сообраќајот на една популарна страница во надолна линија? Очигледно, да. Gawker Media ги редизајнира своите Gizmodo, Lifehacker, iO9, Gawker.com и Jezebel, по што се соочи со куп негативни критики од читателите, а со тоа и драстично опаѓање на посетите.
Играта Angry Birds, aпликацијата Google Maps, телефонот iPhone 4 и компанијата RIM, Nissan... се едни од победниците во неколкуте категории на овогодишниве Глобални мобилни награди 2011 кои се презентираа на Светскиот мобилен конгрес во Барселона. Еве ја листата на победниците со кратко објаснување зошто се избрани:
Oreo официјално го завршија својот предизвик за да го соборат Гинесовиот рекорд на над 25.000 „лајкови" на Facebook за 24 часа. Иако овој потфат беше ризичен и храбар, сигурно компанијата не ни претпоставуваше дека нивниот успех ќе го преземе некој друг, поточно раперот Лил Вејн.
Револуцијата во Египет беше дел од сите наши животи преку медиумите и преку друштвените мрежи. Слушавме, читавме и гледавме како се борат за своите права, гледавме и како најпосле ја најдоа својата радост. Она што беше специфично за оваа револуција беше улогата на социјалните медиуми во целата ситуација, и нивната улога беше клучна.
Сите сме свесни за можностите кои ги нуди интернет маркетингот, да се биде интерактивен, директен и вирален, да се допре до повеќе корисници одеднаж. Epipheo Studios ја знаат тајната за комуницирање со публиката на интернет. А ние можеме да научиме многу од нивниот начин на работа.