„Без друштвените медиуми, немаше да има револуција.“, вели египетскиот херој на револуцијата, Ваел Гоним, интернет активист и компјутерки инжењер, вработен во Google.
Ваел Гоним е еден од организаторите на протестите. Тој замина во Египет на почетокот на протестите, побара одмор од Google, по што, веднаш при пристигнување во земјата, го снема. По 7 дена во затвор тој беше пуштен од затвор, по што г. Гоним се појави по египетските телевизии и одржа интервјуа во кои повикуваше на промени, станувајќи глас на револуцијата во земјата.
Revolution 2.0 in #Egypt was the first revolution in the history of mankind to pre-announce the time and location. :)
Според него, без Facebook, Twitter, Youtube, без Google, немаше да се рашири сето тоа во толкави размери. Интернетот е место за делење информации, продолжува г. Гоним, и ако сакате да ја згаснете искрата на револуцијата, секако дека прво ќе ви текне да го згаснете Интернетот. Што е најинтересно, тој вели дека со тоа што го згаснале Facebook кој бил главен начин на ширење на револуцијата на интернет, всушност си направиле лоша услуга.
„Една од причините за што тие не ја држат моќта веќе е што го блокираа Facebook. Зошто? Бидејќи тие им рекоа на четири милиони луѓе дека со блокирање на Facebook тие уплашени од револуцијата како од ѓаволот. Тие ги натераа сите, кои само, знаете, чекаа да ги прочитаат вестите на Facebook, тие ги натераа да излезат на улицата и да бидат дел од ова.“
Погледнете го неговото интервју на 60 minutes: