Направа која им овозможува на слепите да гледаат

И со вградената вештачка ретина, оние на кои им е вградена не гледаат преку своите очи. Носат уред, во вид на малку поголеми очила, на кои има вградено камера, чии импулси понатаму се праќаат до трансмитерот на другата страна на очилата. Трансмитерот тогаш праќа импулс до 60-те електроди кои се хируршки вградени во задниот дел на окото (на видеото се гледа како ова е изведено), а овие електроди пак, поминуваат преку оштетените клетки на ретината и директно ги стимулираат нервните клетки кои се поврзани со визуелниот центар на мозокот.

Можеби оние кои ќе ја имаат среќата да ја добијат оваа направа нема да можат да уживаат како предходно во целата обоеност на светот, но секој зрак сигурно многу им значи. Оваа направа е одобрена во Европа за користење веќе некое време, но нејзината набавка воопшто не е ефтина, околу 100.000 долари за уред.

Погледнете го видеото за да видите еден успешен ваков случај и приказ како се движат импулсите.

(via Cnet)

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments