Андроид кој изгледа неверојатно живо

Хенрик Шарфе е професор на Алборг Универзитетот во Данска и претседател на Центарот за компјутерски ориентирана епистемологија, на истиот универзитет. Креаторите пак, односно оние кои го изработија андроидот, доаѓаат од Јапонија, а тоа се фирмата Kokoro, заедно со Хироши Ишигуро, професор по роботика на универзитетот во Осака и претседател и директор на Институтот за напредни телекомуникациски истражувања.

„Гемоноид е андроид, дизајниран да изгледа идентично како неговиот господар и е контролиран преку компјутерски систем кој ги реплицира движењата на лицето на операторот на роботот.“ – велат на нивната интернет страница.

На видеото можете да видите колку реално андроидот трепка, прави разни гримаси, се смее, ја мрда главата и слично. Изгледа навистина убедливо, што дури некои луѓе го наоѓаат и непријатно. Исто така може да ги мрда и рамениците, па дури и да го „одглуми“ дишењето како да се случува.

Некои од претходниците на овој „гемоноид“, можете да ги најдете на страницата на Kokoro, кои исто така се креирани во соработка со професорот Хироши Ишигуро.

На страницата на Geminoid DK велат дека овој робот ќе биде прв од ваков вид надвор од Јапонија, и ќе се користи како помош за напредок во науката и филозофијата, односно помош при барањето одговори на некои фундаментални прашања кои се заеднички за јапонските и американските истражувачи: што е човек?;што е присуство?;што е врска?;што е идентитет?

На крај, едно видео од создавањето на овој гемоноид. Повеќе видеа ќе најдете на неговиот Youtube канал.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments