0 коментари 1 мин. читање

Визуелизација на растот на Android

Android Developers направија прекрасна виуелизација со која ни го доловија растот на Android платформата која стартуваше пред само две години, а веќе стана една од најпопуларните мобилни платформи, станувајќи неодамна и најпродаваната платформа во САД.

И во Македонија Аndroid платформата станува се попопуларна, имаше два натпревари, предизвикот на Vip и нa Оne, и многу наши развивачи креираа апликации за оваа платформа: SpotMe, Пренесени броеви, Везилка, Автобуско и Најди автобус итн.

Погледнете го видеото на кое се претставени Аndroid активациите од октомври 2008 до јануари 2011. Прво погледнете го целиот свет, а потоа засебно Северна Америка, Европа и Западна Азија. Најдете го вашиот Аndroid телефон меѓу искрите.

Мени
Заедница
Изглед
To top