0 коментари 1 мин. читање

Epipheo Studios, маркетинг во своето најдобро издание

Epipheo Studios работат со години, и имаат клиенти како Google, Intel, Facebook, Microsoft, Aol итн. На нивната страница велат дека клиентите се обраќаат кај нив кога билбордите, интернет страниците и типичните видеа не даваат резултати. Велат, кај нив доаѓаат организациите кога сакаат да комуницираат со своите клиенти опуштено, во вид на разговор. И тие прават се што треба за да ја „искомуницираат” нивната идеја со светот.

Звучи интересно, а изгледа импресивно и премногу убедливо. Погледнете го видеото каде ги објаснуваат нивните услуги:

Дури и нивната интернет страница е на сосема друго ниво. Нивната креативна слобода креирала сосема „откачена” веб страница, која на интересен начин ја презентира нивната идеја.

Еве видео направено за >Metaweb, компанија купена од Google:

Видеата изгледаат навистина убедливо. Импресионирана сум од едноставниот начин на кој ги прикажуваат релативно комплицираните работи, ги изгледав скоро сите, дури и они направени на шега како за Twilight итн. Важно е што после гледање на видеата на половина од претставените компании им ги отворив веб страниците. Иако моето субјективно мислење не е репер за генералното мислење, сепак е некој доказ дека функционира нивниот начин на работа.

Можеби не се првите кои го практикуваат ова едноставно концверзанионално видео, но се можеби најуспешните.

Мени
Заедница
Изглед
To top