Откриен „најголем сајбер напад“ врз Франција, украдени се Г-20 документи

Напаѓачите го пробиле француското министерство со праќање имејлови до вработените со закачен тројанец во .pdf фајл. Тоа што е интересно е што мејловите внимателно биле таргетирани кон специфични индивидуалци од министерството.

Нападот, кој е откриен пред два месеци, е објаснет од директорот на француска агенција за интернет безбедност ANSII, Патрик Пелукс, како „професионален, одлучен и организиран“ и „чиста шпионажа… еден од поважните напади, ако не и најважен, до сега врз нашата администрација“.

Откриено е и дека имало обид да се пробијат компјутерите од кабинетот на францускиот претседател Никола Саркози, премиерот Франсоа Филон и министерство за надворешни работи.

Напаѓачите не се познати, но се знае дека украдените информации од француското министерство се испратени до сервери во Кина. Сепак, тоа може да биде искористено да се скријат правите траги на напаѓачите. Инаку, Кина е дел од Г-20 организацијата.

Франција ќе направи закрпи на над 10.000 компјутери со цел да спречи иден напад.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk