Вести

3.566 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Тамара Атанасовска Свет

Редизајнирана Google Street View страницата да вклучи повеќе информации

Google забрзано работат на Street View опцијата на Google Maps. Пред само две недели пишував за нивното проширување надвор од улиците и менувањето на возилото кое го користат. Сега, додадени се уште повеќе места, а страницата има нов изглед со кој не води низ процесот на креирање на Street View, а исто така ни овозможува и полесно да се снајдеме во истражувањето на нови места.

0 коментари Прочитај 15 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб ИТ.МК

Bing повторно со слики од .Мк, овојпат го претставува св. Јован Канео

Bing на насловната има слика од св. Јован Канео црквата на Охридското езеро. Ова е втора слика, по сликата од дебарското езеро Шпиље, која се појавува на прелистувачот на Microsoft.

0 коментари Прочитај 15 март, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Софтвер

Стартуваат јавни расправи за Националната политика за слободен софтвер

Политиката за слободен софтвер ќе треба да воведе правила за набавки, препораки и мотивација да се користи слободниот софтвер низ сите државни и јавни институции. Текстот веќе е спремен од експертите и сега се стартува со јавни расправи, кои ќе се одржат од 14-ти до 22-ри март во Тетово, Штип, Скопје и Битола, со цел да се чујат други препораки и мислења за што треба да се додаде и досреди со цел да се добие национална политика креирана од и користена од самите корисници. По јавните дискусии НПСС ќе биде доставена до Владата со цел истата да се усвои.

0 коментари Прочитај 15 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Се твитаат по 140 милиони твитови дневно

Twitter по повод пет години од денот кога е стартуван протипот на сервисот, објави неколку интересни #бројки за растот на сервисот на кој му требаше 3 години 2 месеци и еден ден за да помине од првиот до милијардитиот твит. Сега, потребно е само една недела да се испратат милијарда твитови, односно се праќаат по просечно 140 милиони твитови на ден.

0 коментари Прочитај 15 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Друштвени мрежи Софтвер

Twitter ги налути развивачите со новите рестрикции

Twitter воведе нови услови за користење за надворешни развивачи кои ги ограничуваат во креирањето на нови клиент апликации и предизвикаа бран на несогласувања во развивачките кругови. Причината за новите високи стандарди за креирањето на апликациите, како и можноста Twitter да ја одбијат секоја апликација која не им се допаѓа, како што наведуваат од Twitter е стандардизацијата на искуството при користењето на Twitter, кое сакаат да е исто за постојано растечкиот број на корисници.

0 коментари Прочитај 14 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Anonymous ја открива „корупцијата“ во Bank of Аmerica

Контроверзните интернет активисти Anonymous објавија преписка меѓу вработени во Bank of America за кои велат дека ја откриваат „корупцијата и измама“ на најголемата американска банка. Во мејловите, кои датираат од ноември 2010, се вели дека банката намерно избришала бројки за следење на заемите со цел да може да заплени недвижности.

1 коментар Прочитај 14 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб Свет

За прв пат онлајн медиумите ги надминаа печатените, барем во САД

Очекуваното е конечно реалност: според најновото истражување на Pew Research Center наречено „Состојбата на медиумите“ 46% отсто од американците читаат вести онлајн во споредба со 40% чиј извор се традиционалните весници.

0 коментари Прочитај 14 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Хак-атак/Приватност

Google Chrome и Mozilla Firefox го преживеаа Pwn2own

Иако официјално натпреварувачите кои требаа да ги предизвикаат прелистувачите не се појавија на натпреварот, правилата си се правила, и Google Chrome и Mozilla Firefox се прогласени за непобедени на Pwn2own. Ова е трет пат по ред Google Chrome да не биде компромитиран на Pwn2own, а првпат за Mozilla Firefox.

0 коментари Прочитај 14 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

LinkedIn Today ги наоѓа најновите вести од индустријата која ја следите

LinkedIn Today е нова алатка на бизнис мрежата која ви доставува вести, блог постови и други информации кои се најпопуларни меѓу бизнис луѓето кои ги следите и кого тие следат.

0 коментари Прочитај 14 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Друштвени мрежи

Отсега тагнувајте ги пријателите и во коментарите на Facebook

Како што досега ги тагнувавте пријателите во вашите статуси користејќи го знакот „@“, а потоа го впишувавте името на пријателот или го одбиравте од паѓачкото мени, така сега можетете да го тагирате пријателот, страници, апликации, групи, настани, и во коментарите.

0 коментари Прочитај 14 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Закерберг „комплетно греши“ за анонимноста, вели основачот на 4chan

Закерберг комплетно греши кога мисли дека анонимноста е кукавичка, вели Кристофер Moot Пол, основачот на познатиот и контроверзен форум 4chan за време на South By Southwest конференцијата додека го презентираше својот нов проект Canvas.

0 коментари Прочитај 14 март, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Winamp 1.0 достапен за Android

Популарниот Winamp објави 1.0 верзија на својата Android апликација која ќе им овозможи на корисниците да безжично ја синхронизираат музиката преку Wi-Fi, да се импортира iTunes библиотеката и да се стримаат илјадници интернет радија со SHOUTcast. Winamp за Android ги поддржува 2.1+ Android OS.

0 коментари Прочитај 14 март, 2011
Редакција
1
Avatar photo Гоце Постоловски Рецензии Софтвер

Рецензија на Chrome 10

Ако се суди според бројот на верзијата на овој најнов интернет прелистувач од Google може погрешно да се заклучи дека постои многу години (на пример, интернет прелистувачот Opera кој е актуелен со верзија 11, датира од далечната 1996 година). Но сите, па и оние со пократко памтење, знаат дека првата верзија на овој прелистувач јаво беше презентирана на 3 септември 2008 година. Дали навистина за толку кратко време може да се претстават 10 различни стабилни верзии (дополнувањата и бета производите не ги сметам) и секоја од нив да има нешто ново, нешто подобро за да го заслужи епитетот финална? Колку и да звучи чудно, одговорот е да. Google Chrome 10 кој се појави неполн месец после верзијата 9, навистина има што да покаже, и пред неговите претходници, но и пред конкуренцијата од која зема се поголем дел корисници кои се согласуваат Chrome да биде нивен предефиниран прелистувач.

6 коментари Прочитај 14 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб Свет

Поглед кон идинината на образованието со Khan Academy

Khan Academy е непрофитна организација која цели кон тоа сите да добијат бесплатно и квалитетно образование каде и да се. На страницата има повеќе од 2.100 видеа со едукативен материјал, кои се сржта на нивната идеја, поткрепени од нивниот аналитички софтвер кој ја оформува целата идеја.

1 коментар Прочитај 11 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Совети Софтвер

Стартувајте го Firefox два пати побрзо со Start Faster

Start faster е додаток за Firefox со кој ќе го стартувате прелистувачот на Windows Vista или 7 за 100% побрзо од досега.

3 коментари Прочитај 11 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб

Ве нервира Google резултат? Блокирајте го…

Воопшто не е забавно кога некои нерелевантни страници или реклами постојано го наоѓаат своето место на врвот во резултатите на Google. Сега интеренет пребарувачот во војната против таквите страници ја воведува опцијата да ги блокирате несаканите страници за повеќе да не ви се појавуваат во резултатите од пребарувањата.

0 коментари Прочитај 11 март, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook од FBML преоѓа на iFrames за креирање на табови

Од 12 март Facebook ќе го замени Static FBML, кој се користеше за креирање странични или воведни табови на фан страните, и наместо него ќе користи iFrames. Со iFrame администраторите ќе можат да ги користат HTML, Javascript и CSS технологиите за додавање на содржина на фан страните.

0 коментари Прочитај 10 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Софтвер Хак-атак/Приватност

Safari падна за 5 секунди на Pwn2own

На хакерскиот Pwn2own напревар Safari падна за изнанадувачки 5 секунди, земајќи му го приматот на IE како прелистувач кој си има традиција на најбрзо паѓање. Pwn2own e натпревар за хакерски вештини кој се фокусира на веб прелистувачи и мобилни уреди. Целта е сигурносните експерти успешно да ги компромитираат, и за тоа освојуваат парични награди, а компаниите ги учат своите слабости.

4 коментари Прочитај 10 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Софтвер

WebOS на сите HP компјутери од 2012-та

HP ќе инсталираат WebOS на сите персонални компјутери почнувајќи од 2012, најави директорот на HP, Лео Апотекер. Со овој чекор, во исто време ќе привлечат повеќе развивачи за WebOS апликации, а исто така и за да ја направат транзицијата на оперативниот систем од мобилните уреди на десктоп.

0 коментари Прочитај 10 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Софтвер

Apple го објави новиот iOS 4.3

Новиот iOS за iPhone, iPad и iPod touch можете да го симнете преку iTunes, откако ќе го конектирате вашиот уред. Има новини во AirPlay, воводувањето на Personal Hotspot, iTunes споделување и забрзување на Safari.

0 коментари Прочитај 10 март, 2011
Мени
Заедница
Изглед