Закерберг „комплетно греши“ за анонимноста, вели основачот на 4chan

во Веб

„Анонимноста е автентичноста, ви дозволува да споделувате во комплетно нелажен, необработен начин.“, вели Moot, додавајќи дека „ќе ве чини скапо ако сте неуспешни во околина каде сте препознаени по име.“

4Chan и Facebook се места со дијаметрално спротивни концепти за приватност. Додека кај 4chan секој може да се претстави анонимно, не се чуваат логовите, на Facebook мора да се претставите, да дадете мејл, да се знае кој сте и кои ви се интересите.

Можеби таа анонимност дозволи 4chan да стане и контроверзен форум со куп порнографија, но и да стане влијателен форум со над 12 милиони месечни посетители кои, преку интернет мемиња, ја креираат интернет културата. Според 24-годишниот Moot, само две години помлад од основачот на Facebook, Закерберг, токму анонимноста е фактор да содржината стане повлијателна од корисникот. Анонимноста им дава еднаквост на сите, без врска на годините, полот и другите влијателни фактори, и во таква средина тоа што се истакнува се квалитетот на постовите, наместо квалитетот на личноста.

Новиот негов проект, Canvas, е исто така анонимен сервис за споделување фотографии. Но, не е 4chan 2.0, вели тој. Canvas, кој веќе е поддржан од познати инвеститори, ќе биде поконтролирана средина.

„Една од грешките кои ги направив е верување во невидлива водечка рака што се однесува до модерирање. И дека ако им ја дадете правата структура на заедницата, тогаш тие самите ќе се контролираат.“

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk