Twitter од 48 милиони твита за една година има околу 140 милиони твита на ден, заклучно со неговиот 5-ти роденден кој го прослави вчера. Земајќи ја во предвид оваа огромна бројка, Twitter сакаат да се добие едно постојано искуство кога се работи за користењето на страницата, сега кога има толку многу корисници, за корисниците да не се збунети „од различните начини на кој различните надворешни Twitter клиенти ги прикажуваат твитовите и ја овозможуваат интеракцијата“. Затоа и Twitter креираа свои официјални апликации за Mac, iPhone, Android, Windows Phone и соработуваа со компанија за да развијат апликација за Blackberry. Twitter велат дека оваа нивна акција е успешна, затоа што главните 5 начини на кој луѓето му пристапуваат на Twitter се официјални Twitter апликации.
Развивачите се бунат поради тоа што сметаат дека да не беа надворешните апликации за Twitter, истиот немаше никогаш да ја достигне оваа бројка на корисници која ја има сега. На долгогодишните корисници на Twitter тоа им е и повеќе од јасно. Како и да е, Twitter не им забранува целосно да креираат апликации, туку им дава сериозно ограничувања кои гарантираат квалитет и стандардизација. Ова се посебно однесува на новите Twitter клиенти, додека со популарните клиенти како, пример, TweetDeck немаат проблем.
„Ако сте веќе постоечки развивач на клиент апликации, можете да продолжите да ја опслужувате вашата корисничка база, но ние ќе ве држиме до високи стандарди за да се осигураме дека нема да ја нарушите приватноста на корисниците, дека овозможувате постојаност во однос на корисничкото искуство и дека ригорозно се придржувате до Условите за користење.“, вели Рајан Сарвер, директор на Twitter платформата.
lost in translation, but you can still build apps and use other apps. We’re just giving guidance that it’s not a good business








