Овој додаток е креиран од Тарас Глек кој и предходно има искуство со подобрувањето на времето со кое стартува Firefox. Како и да е, овој додаток доаѓа со ограничувањата дека треба да имате Firefox 4 инсталирано и да користите Windows Vista или 7 оперативен систем. Додатокот работ така што го заобиколува Windows prefetcher (компонента на Memory manager на Windows која помага системот побрзо да стартува). Ако го стартувате Firefox од вообичаената кратенка овој додаток нема да фукционира, морате тоа да го направите преку онаа кратенка која при инсталирањето на додатокот ќе се појави на вашиот десктоп.
Кодот можете да го погледнете овде ако некој сака да види како тоа Глек го направил.
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.