0 коментари 2 мин. читање 15 март, 2011

Bing повторно со слики од .Мк, овојпат го претставува св. Јован Канео

Како кај секоја слика на Bing има неколку точки со дополнителни информации за сликата, која ја дообјаснува и, нели, го промовира пребарувањето. На сликата со св. Јован Канео има четири такви точки кои се доста интересни и ја објаснуваат Македонија.

Од лево на десно, првата е дека „Може да прашате ‘што е во името?’, но за оваа земја, која се мачи со своето уште од независноста од 1991-ва, значи многу“. Таа точка линка до пребарување на FYROM.

Потоа стои дека „светци и религиозни луѓе доаѓаат на оваа мирно светилиште“ со линк до слики од св. Јован. Потоа се вели „ако стоите на оваа крајбрежје ќе гледате во едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа“ со линк до Охридското езеро. Последната, четврта точка се вели дека „ова тренди место за одмор е било дел од четири империи и главен град на една“ со линк до мапа, овојпат пребарувана со Република од Македонија наместо FYROM.

(via Dime01)

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top