Како Khan Academy всушност функционира и зошто е различна од другите?
Како што веќе рековме, централниот дел на нивната идеја се едукациските видеа. Едно видео може да го види било кој, било кога. Откако еден студент ќе се логира, може да го вежба своето знаење преку разни вежби достапни на страницата, преку кои ќе се мери неговиот прогрес. Студентот, неговиот ментор или родителот може да го провери неговиот прогрес било кога, и може да се добие детална слика за тоа како напредува студентот во учењето. Студентите добиваат разни беџови и слично, во системот на награди на Khan Academy за да се поттикне чувството на успешност. Може буквално да се прати како напредува вниманието на студентот, кои проблеми ги решил точно или погрешно, кое видео го гледал и како тоа му помогнало. Така еден ментор може вистински да се посвети и да помогне на вистинското место каде помошта е потребна. За целосна детална презентација на софтверот за аналитика, погледнете го видеото, кое презентира една навистина импресивна анализа.
[youtube]hw5k98GV7po[youtube]
Салман Кан, водачот на тимот кој е позади Khan Academy, која почнала како негова идеја, на TED конференцијата дава одлично објаснување на зошто овој начин на реорганизација, или како што тој вели „хуманизирање“ на училницата е различен и поефикасен од другите. Сите студенти се различни и нивниот начин на учење и сваќање секако се разликува од останатите. СО ваквиот начин на презентација, имаат предавање кое им е достапно да го гледаат кога сакаат и на начин кој им одговара. Може да го „паузираат“ предавачот и да размислат за проблемот, можат исто така и да вратат неколку пати да чујат некоја информација. Вежбите кои им се достапни за темите кое се покриени се интерактивни, односно во секој момент додека ги прават можат повторно да погледаат некое виде или пак да побараат помош.
Кан вели дека ова е исклучително добро и дека ги спасува децата од погрешно етикетирање. На пример, секој може да запне на некој концепт, кој повеќето студенти го поминале сосема лесно (пр. нешто едноставно како негативни броеви) и да заостане понатаму со целиот материјал. Од надворешна страна, истиот тој студент може да биде етикетиран едноставно како „спор“ и вкупната негова демотивација да продолжи понатаму. Кан вели дека со деталните аналитички податоци кои ги нуди софтверот на Khan Academy тоа не е можно да се случи.
Khan Academy како проект ќе продолжи да се развива и понатаму. Подобрувањето кое го нудат од традиционалниот начин на предавање е и повеќе од очигледен. Планираат да ја шират својата идеја и на други јазици за да допре до повеќе студенти и повеќе луѓе да имаат бенефит од неа. Ако сакате да се вклучите и да направите Khan Academy видеата и да бидат достапни и во Македонија, кликнете овде.








Одлична TED презентација, иновативен концепт кој дефинитвно може да успее.