iOS и Android имаат најголем број на корисници, и развивачите креираат најмногу апликации за нив. Пренесувајќи до овој оперативен систем на илјадници компјутери, HP ќе ја зголемат бројката на неговите корисници, што би требало да е доволна мотивација за развивачите. Ова е и најголемата слабост во моментов на WebOS кој има само 6.000 апликации, за разлика од iOS 350.000 и Android 250.000.
HP го купија минатата година WebOS од Palm зa 1.2 милијарди долари и сега сакаат да ја зголемат неговата употреба. Како и да е, тоа што компјутерите ќе содржат WebOS не значи дека ќе го замени Windows оперативниот систем, туку ќе работи заедно со него, односно ќе има опција да се крене WebOS врз Windows.
Со ова, и некои други нивни проекти за кои сеуште се шират само гласини, HP сакаат да ја сменат малку перцепцијата за фирмата која е позната по хардверот и да стават малку акцент на софтверскиот дел.
(via Bloomberg)