За прв пат онлајн медиумите ги надминаа печатените, барем во САД

Иако е помината границата на повеќе читаност на онлајн медиумите во споредба со традиционалните пишани медиуми, сепак националната телевизија води со 50% од американците кои изјавуваат дека таа им е главниот извор за вести.

Сепак приходите на традиционалните весници продолжуваат да паѓаат, што резултира со 30% намалување на компаниите кои се во оваа индустрија. Очигледно е дека читателите нема да почувствуваат некоја голема загуба, со оглед на тоа што само 28% отсто од испитаниците изјавиле дека ова ќе влијае сериозно на нивото на информации кои дневно ги примаат.

Уште една граница која е помината е во однос на маркетингот: повеќе пари се потрошени за онлајн маркетинг отколку за рекламирање во традиционалните весници. Онлајн рекламирањето пораснало за 13.9%, во исто време рекламирањето во традиционалните весници опаднало за 6.4%. Исто така, се бележи и забележителен пораст во користењето на мобилните уреди како извор на вести со дури 47% од испитаниците, но во принцип според истражувањето тоа се некои веднаш употребливи практични информации како времето, информации за ресторани или локални бизниси или сообраќај.

Во однос на информациите околу мобилните уреди, 1 од 10 американци користат апликации за преглед на вестите, а уште помалку плаќаат за истите. Ова е интересен податок со оглед на тоа што во последно време има тенденција да се популаризира плаќањето за содржина која сакаат да ја наметнат оние компании кои се навикнати на стариот начин на работа, но сакаат да бидат во тренд со технологиите (Пример Daily).

Промената е очекувана и доаѓа во вистинскиот момент, и можеме да забележиме во која насока ќе се развива пазарот во иднина. Доминантноста на онлајн пазарот кога веќе еднаш ќе се воспостави, повеќе враќање назад нема.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments