Ве нервира Google резултат? Блокирајте го…

во Веб

Google минатиот месец објавија екстензија за Google Chrome која ја има истата функција како оваа нивна новина, само што оперирањето на оваа екстензија е ограничено со прелистувачот, додека сега оваа промена ќе се случува на нивните сервери. Оваа нивна продолжена иницијатива е се со цел да се подобри квалитетот на пребарувањето за кој имаше незадоволни реакции од глобалната публика. Google всушност се бори против „пребарувачкиот спам“, односно термин кој ги опфаќа резултати од страници кои имаат содржина со низок квалитет. Тоа се т.н. „фарми на содржина“ чија единствена цел е сообраќајот, а не генерираат содржина која е во било кој смисол оригинална и квалитетна.

Оваа новина функционира сосема едноставно: кога ќе кликнете на некој линк од пребарувањето на Google, тоа што ќе го видите нема да ви се допадне и се вратите назад кон Google, ќе ви биде понудена опцијата да ги блокирате сите понатамошни резултати кои водат кон таа страница во вашето пребарување. На пример, на сликата, пребарував со едноставниот термин „информатика“, првиот резултат кој се појави беше Wikipedia, кликнав и потоа се вратив назад. Како што можете да видите во означениот дел, Google прашува дали сакам да ги блокира сите резултати кои ќе водат до Wikipedia. Ќе треба да бидете логирани на Google профилот за да се запомни селекцијата.

Како и да е, ова не е перманентно. Нема да го гледате повеќе тој домејн во вашите пребарувања, но Google ќе ви каже дека имате блокирано некои резултати и ќе можете секогаш да се предомислите. Исто така, можете тоа да го направите и мануелно, од листата на блокирани страни која ќе биде дел од вашите нагодувања за пребарувањата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments