Вести

3.565 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Свет

Повеќе се користат мобилни апликации отколку што се сурфа, барем во САД

Се случува промена на платформите. Според анализата на Flurry, компанија за анализа на мобилни апликации, во САД „мобилните апликации го оставаат Вебот во ретровизорот“, односно за прв пат се забележува дека повеќе се користат мобилни апликации отколку што се сурфа преку веб прелистувачите. Информациите за извештајот се соберени од comScore и Alexa, а за мобилните апликации Flurry искористи своја аналитичка алатка која има над 500 милиони агрегирани, анонимни дневни кориснички сесии од 85.000 апликации.

0 коментари Прочитај 22 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

LulzSec ги сруши сајтовите на бразилската влада

Tango Down! brasil.gov.br и presidencia.gov.br, вели LulzSec на својот Twitter профил, за подоцна да ги пофали своите бразилски колеги хакери кои ги срушиле сајтовите, најверојтно со DDoS напади.

0 коментари Прочитај 22 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Софтвер

Пристигна Firefox 5, ја има Do Not Track опцијата

Новата петта верзија на Firefox не носи некои посебни промени споредено со комплетно редизајнираната 4-ка, но има доста подобрувања, околу 1.000, вели Mozilla.

1 коментар Прочитај 21 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Зарем е важно што Nokia го престави првиот MeeGo уред? Каде се Windows Phone уредите?

Првиот „чист паметен телефон на допир“ без Home копче. Вака Nokia го најави N9, својот прв уред кој ќе работи на MeeGo 1.2 платформата која го претставува „лизгањето“ како навигација меѓу апликациите и трите домашни екрани. Има копче од страна за стартување, но поинтересно е што уредот се стартува со кликање два пати на екранот, а се отклучува со лизгање на екранот од еден до друг крај.

2 коментари Прочитај 21 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Foursquare надмина 10 милиони корисници (инфографик)

Да ја одбележиме оваа доста луда ситуација, направивме мал инфографик, вели Foursquare прославувајќи 10 милиони корисници кои се расположени да ја споделат својата локација со светот.

0 коментари Прочитај 21 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Dropbox призна дека сите 25 милиони профили биле незаштитени скоро 4 часа

Популарниот сервис за складирање документи откри дека поради грешка дозволиле корисничките фајлови да бидат „на отворено“ цели 4 часа. Се работи за 25 милиони корисници со купишта складирани документи кои можеле во неделата да бидат отворено само со додавање на корисничкиот имејл и било која лозинка, дури и лозинка само со една буква.

0 коментари Прочитај 21 јуни, 2011
Редакција
1
Ива Дујак Свет

Колку ви се животните трошоци? Интерактивна кампања на Volkswagen

Имајќи ја во предвид заситеноста на публиката од секојдневните „топ шоп“ техники на продажба, Volkswagen реши да искористи еден сосема поинаков начин за да нè запознае со можностите за заштеда при возење наVW автомобилите.

0 коментари Прочитај 21 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Скопје Startup Weekend, време за споделување идеи и креирање бизнис

На 24-26-ти јуни се одржува првиот Startup Weekend во Скопје. Интересниот концепт на настанот е да се соберат 50 креативци кои ќе споделат своја идеја за стартап бизнис, ќе бидат одберени најдобрите потенцијални идеи и ќе се креираат тимови водени од истакнати ментори кои ќе започнат свој стартап бизнис.

0 коментари Прочитај 21 јуни, 2011
Редакција
1
Ива Дујак Друштвени мрежи

Facebook промени во Pages, Places и Apps

Како и во неколкуте последни случаи, во најголем дел новитетите и измените на платформата на Facebook се врзани за адаптации кои водат кон поголеми поволности при промовирањето преку мрежата. Последните измени кои ги направи Facebook се однесуваат на Facebook страниците, Facebook Places и апликациите.

0 коментари Прочитај 21 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Совети

Чат преку Skype со вашите Facebook пријатели

Сега може да четувате директно со вашите Facebook пријатели преку Skype 5.5 beta верзијата за Windows. Skype 5-ката го интегрираше Facebook во клиентот, овозможувајќи да се следи што се случува на друштвената мрежа, а сега со новата 5.5 верзија Skype ја добива целоснота интеграцијата со Facebook.

9 коментари Прочитај 20 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Електронско закажување за пасоши и статистика за криминал на новиот сајт на МВР

Mинистерството за внатрешни работи стартуваше нов редизајниран веб сајт на кој ги вклучи опциите граѓаните да можат преку веб страната да закажат термин за аплицирање за биометриски лични документи. Во новиот сајт е додадена е и статистика за криминалот во последните 10 години.

9 коментари Прочитај 20 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет Хардвер

Јапонскиот K Computer е помоќен од петте најмоќни суперкомпјутери во светот заедно!

K Computer, според "kei" што на јапонски значи 10^16-та (10 квадралиони), oдносно бројот на пресметки кои машината ќе може да ги прави, е најбрзиот суперкомпјутер во светот. Јапонскиот суперкомпјутер направен од Fujitsu Co. и наменет за јапонскиот Институт за физички и хемиски истражувања ќе биде завршен во 2012-та.

0 коментари Прочитај 20 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

.мк Тwitter република

Во две илјадита и единаeста, Се создаде Република, Во виралните друштвени мрежи, Twitter Република, Прва на Балканот. - oд Песна за Крушевската република.

4 коментари Прочитај 20 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

LulzSec и Anonymous заедно против властите

Хакерската група која хакнува само за 'lulz', LulzSec, и интернет активистите, Anonymous, ќе се здружат заедно во „Operation Anti-Security" и ќе напаѓаат владини сајтови во потрага по пропусти и доверливи документи.

0 коментари Прочитај 20 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб ретро

Очекувајте топ левел домени како .car, .adidas, .македонија, .google, .sex…

Агенцијата за доделување имиња и броеви, ICANN ја продолжи листата на генеричните топ-левел домен имиња (gTLD), што една од најголемите промени во системот на имиња на интернет домени (DNS) по 26 години од стартување на .com доменот, и е „почеток на новото доба на Интернетот“.

2 коментари Прочитај 20 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Српскиот Taksiko победи, хрватскиот Trambus на второ место на eвропскиот Startup 2.0

Лесниот, брзиот и безбедниот начин да се повика такси преку мобилен телефон стана најдобрата апликација во Eвропа. Српскиот Taksiko победи на европското Startup 2.0 натпреварување во Билбао на интернационалната Nonick 2011 конференција за интернет трендови.

0 коментари Прочитај 20 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Nokia Windows Phone уредите ќе се појават во Европа оваа година

Европа ќе е првиот пазар кој до крајот на 2011-та ќе го види „првиот бран“ на Nokia Windows Phone уредите, откри под-претседателот на Nokia, Виктор Сејс на 2011 Mobile Telecompaper конференција. Првите земји каде ќе се појават уредите ќе бидат Холандија, Франција, Германија, Британија, Шпанија и Италија.

0 коментари Прочитај 17 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет Хак-атак/Приватност

18-годишен хакер уапсен бидејќи крадел песни од Лејди Гага и Тимберлејк

Германскиот тинејџер Денис, познат по алијасот DJ Stolen, е осуден на 18 месеци притвор откако бил фатен дека краде песни од познати ѕвезди како Лејди Гага, Џастин Тимберлејк, Леона Луис, Кеша и Мараја Кери.

5 коментари Прочитај 17 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб ИТ.МК

Од идеја, преку Google Docs до #protestirame банер, се се случува во реално време

Неколку корисници започнаа соработка во реално време користејќи го Google Docs со цел да се споделат идеи за банер против полициска бруталнос. Банерот ќе биде предложен да се постави на .мк сајтовите.

0 коментари Прочитај 17 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Сега може да ги симнете софтверските алатки за Microsoft Kinect

Софтверските алакти за Kinect сега се достапни за бесплатно симнување за 32- и 64-битна верзија на Windows. Пакетот алатки содржи API-ja, примероци од кодови, драјвери и други ресурси за креирање апликации во C++, C# или Visual Basic.

0 коментари Прочитај 17 јуни, 2011
Мени
Заедница
Изглед