Повеќе се користат мобилни апликации отколку што се сурфа, барем во САД

„Минатата година, просечниот корисник поминуваше нешто под 43 минути дневно користејќи мобилни апликации наспроти 64 минути користејќи го Интернетот. Со пораст од 91 отсто во последнава година, корисниците сега поминуваат над 81 минути на мобилни апликации дневно.“

Податоците се уште толку неверојатно, вели Flurry, што им требаше помалку од три години на мобилните апликации да го достигнат оваа користење, водено пред се од популарноста на iOS и Android платформите.

Ова е тренд во САД, кој сигурно ќе се префрли и во Европа, и евентуално во Македонија. Во моментов .мк корисниците користат многу повеќе Интернет од мобилни апликации, но паметните телефони сè уште се луксуз за .мк корисниците, иако се луксуз кој станува популарен и подостапен со се помали цени.

Од американското користење на апликациите, Flurry вели дека скоро половина оди на играње игри, па следат друштвени мрежи со 32%, вести, забава и други. Други најверојатно подразбира корисни апликации-алатки, штета што не се користат повеќе бидејќи користењето го движи и креирање на апликациите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk