LulzSec стана позната хакерска група пред само месец-два, и обично срушува сајтови безопасно, само да се истакнат, да напакостат и да привлечат внимение, пример нивниот Twitter профил има над 240.000 следбеници, а aктивностите на LulzSec се тема за дискусија на многу светски медиуми. До сега не се знае дали метите кои ги напаѓаа, меѓу кои и сајтот на CIA, се пробиени посериозно и им се украдени податоци.
Ист е случајот и со бразилските сајтови, нема повеќе детали освен што сајтовите се срушени, иако само неколку дена претходно LulzSec најавија дека заедно со хактивисите Anonymous, ќе рушат .gov сајтови и ќе копаат по контроверзни и доверливи документи.
Интересно е што срушувањата на бразилските сајтови, во Британија беше уапсен 19-годишен хакер за кој светските медиуми изјавија дека е „умот“ на LulzSec, а групата да го негира тоа велејќи дека е „малку поврзан“ со нив.
Our Brazilian unit is making progress. Well done @LulzSecBrazil, brothers!








