Хакерските групи бараат секој хакер, black-, gray-или white-hat при пробивање на владин сајт да ги додаде зборовите „Аnti-sec“ (анти-безбедност) или пак, сите што ја поддржуваат акцијата, во физичкиот свет да ги испишат буквите во графити на владини згради.
„Денеска се браниме себеси за нашата приватност да не биде прегазена од овие профитирачки копилиња. Вашата капа може да биде бела, сива или црна, вашата боја на кожа и раса не е важна. Aко сте свесни за корупцијата, откријте ја сега, во името на Анти-Безбедност“, пишува LulzSec во отворено писмо.
Двете хакерски групи се познати по пробивања и срушување на многу сајтови, почнувајќи од Visa, Mastercard до CIA.gov и сајт на американскиот Сенат. Многу од тија срушувања беа само од пакост или во знак на протест, немаа кој знае колку криминално дејство, иако Anonymous го нападна Sony Playstation Network, а неколку дена подоцна се украдоа куп лични информации и кредитни картичка од корисниците на таа гејмерска мрежа. Групата секако го негираше крадењето на податоците, но се работи за ситуација каде е тешко да се идентификува кој е криминалецот од група анонимни хакери.
Dexter’s response to modern Internet security: http://t.co/C69KrxU








