Очекувајте топ левел домени како .car, .adidas, .македонија, .google, .sex…

во Веб, ретро

Промената ќе им дозволи на компаниите и брендови да искористат други домени освен .com, .org и останатите досегашни gTLD, заедно со 250 домени врзани за земји. Пример, сега мобилен оператор ќе може да си регистрира .phone домен, или да се регистира .телефон домен бидејќи е дозволено и креирање домени на било кој јазик.

„ICANN го отвори системот за имиња да ја ослободи глобалната човечка фантазија. Денешнава одлука ги почитува правата на групите да креираат топ левел домени на било кој јазик или скрипта. Се надеваме дека со ова системот за имиња на домени ќе му послужи на човештвото.“, вели претседателот на ICANN, Род Бекстром.

Никој не може да предвиди каде оваа одлука ќе не одведе.

Буквално ќе може да се регистрира URL адреса со суфикс со било кој збор и на било кој јазик. Но, оваа новина не е за обичните корисници. За .виктор, кој е одличен домен!, ќе ми требаат 185.000 долари за апликација, и годишно да се плаќа по 25.000 долари. Брендовите ќе треба да обезбедат доказ дека го заслужуваат доменот и дека правилно ќе го користат. Последново е потребно за да нема squating на бренд домени, пример .google, .adidas, .nike, .cocacola…

Но, погенеричките нови домени како .car, .people, .phone и други наставки со општи именки ќе бидат ставени на аукција со што најверојатно ќе видиме огромни суми пари да се фрлаат за популарни домени. Најверојатно .sex ќе биде и највредниот. Парите, вели ICANN, ќе се искористат за одржување на тие топ левел домени и вработување на експерти да се справат со апликациите, а дел од тоа ќе биде тргнато на страна за потенцијални судски спорови со компании на кои им е одбиен домен.

Апликациите за генерични топ левел домени (gTLD) ќе започнат да се прифаќаат од 12-ти јануари 2012 до 12-ти април 2012-та година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Викса
Викса
13 years ago

Кирилицата е тотално непотребана, а со слободата на домените (.nike/.adidas) ќе настане хаос низ интернетот… Али сепак 95% од домените што ќе ти текнат кога регистрираш домен се зафатени, т.е. нема слободен „нормален“ домен.

@PinkyTheGreat
13 years ago

Сепак мислам дека ова (а исто и кирилицата) е беспотребно комплицирање на едноставното…

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Digilink Konsalting

Java Script Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk