1
Повеќе се користат мобилни апликации отколку што се сурфа, барем во САД
Се случува промена на платформите. Според анализата на Flurry, компанија за анализа на мобилни апликации, во САД „мобилните апликации го оставаат Вебот во ретровизорот“, односно за прв пат се забележува дека повеќе се користат мобилни апликации отколку што се сурфа преку веб прелистувачите. Информациите за извештајот се соберени од comScore и Alexa, а за мобилните апликации Flurry искористи своја аналитичка алатка која има над 500 милиони агрегирани, анонимни дневни кориснички сесии од 85.000 апликации.