N9 телефонот, хардверски гледано, e oценет позитивно поради својот AMOLED црн екран и брзото реагирање на допир. Има 1 GHz процесор и 1 GB RAM, поддршка зa NFC технологија заедно со 16 и 64GB простор за складирање. Камерата од 8 мегапиксели може да сними 720p видео, а има и кул опција за одредување на фокусот на фотографијата со допир.
N9 како и секој Nokia телефон е одличен хардверски, но повторно проблемот е со оперативниот систем на кој работи телефонот, поточно проблемот е со бројот на апликации достапни за тaa платформа и намерата Nokia да го наградува MeeGo. Како Symbian корисник знам дека финците одамна се откажаа од Symbian OS, а нивната стратегија која ја вклучуваше MeeGo, најавена како конкурент на Apple и Android, ја нарекоа како „платформа која гори“, која е прескапа да се оддржува и развива. Токму затоа Nokia со раширени раца ја прифати соработката со Microsoft и ја прифатија Windows Phone како примарна платформа за своите идни уреди. Тогаш зошто претставуваат MeeGо телефон? Сигурно не е случајно што го одбраа Сингапур каде го претставија N9. Источните корисници помалку се заинтересирани за апликации отколку што се западните корисници, и сè уште го ценат повеќе дизајнот, хардверот и камерата пред се, вели Каролина Миланези од Gartner.
N9 ќе се појави сигурно до крај на 2011-та. Тогаш ќе видиме како ќе се справи телефонот и MeeGo платформата со конкурентите, меѓу кои и Nokia Windows Phone уредите кои ќе се појават на почеток на 2012-та.
Коментари
Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.
2 постари WordPress коментари