Колку ви се животните трошоци? Интерактивна кампања на Volkswagen

во Свет

True Life Costs е интерактивно и забавно искуство преку кое корисниците пресметуваат колкави се всушност нивните просечни животни трошоци, и колкава би можела да биде нивната заштеда доколку се одлучат за некој од VW автомобилите. Со секое отворање, сајтот ве носи на неделно возење низ мало измислено градче. Постои опција за избор на различни локации, а на секоја од локациите се добиваат информации за просечните цени за неопходните работи за живот како храна, гардероба, мебел и слично. Имајќи го во предвид различниот начин на живот на поедниците, на корисниците дури и им се дава опција за адаптирање на цените врз основа на нивните финансиски можности и апетити.

Ваквиот пристап е одличен потег за онлајн кампања, не само поради индиректниот и помалку нападен приод кон корисниците, туку и поради персонализираното интерактивно искуство кое сигурно ќе го натера корисникот да помине многу повеќе време на овој сајт отколку на стандардните веќе видени онлајн продавници. Персонализацијата води кон поголемо приврзување со брендот, особено преку пласирањето на производот во секојдневни реални ситуацииво кои корисниците можат да сепронајдат и препознаат во некоја од приказните на Volkswagen. Интерактивноста, забавата и добриот дизајн на сајтот водат кон две работи – повеќе време потрошено на сајтот и желба за споделување. Дали сето ова укажува Volkswagen успеа да ја пронајде формулата за интересно(за корисниците) и ефикасно (за компанијата)онлајн искуство? Останува да ги почекаме резултатие од кампањата, но како им тргнало со пресметките, предвидувањата се само позитивни…

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments