Вести

3.564 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Microsoft работи на наочари Fortaleza, конкуренти на Google Glasses?

Иако на годинешниов E3 Microsoft не го презентираше Xbox 720, сепак информациите кои беа откриени викендов покажуваат дека сме можеби поблиску до нова конзола отколку што мислиме. Според непотврдениот план од 2010 година, новата конзола би требала да пристигне во продавниците веќе следната година. Според документот, друштво на рафтовите ќе и прават втората генерација на […]

1 коментар Прочитај 18 јуни, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Свет

FBI да ги копира 150 терабајти податоци од Megaupload, вели судот

Откако Megaupload беше исклучен на почетокот на година, секојдневно беше поставувано прашањето што ќе се случи со податоците кои беа поставени на серверите на Megaupload. Во изминатиот период имаше многу дискусии што да се прави со податоците, а дури еден од предлозите од страна на FBI беше да корисниците си платат за да си ги повлечат […]

0 коментари Прочитај 18 јуни, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Свет Хак-атак/Приватност

FBI: IPv6 може да ги заштити криминалците

FBI, DEA и RCMA (Royal Canadian Mounted Police) предупредуваат дека историското префрлување на следната генерација на интернет протоколот наречен IPv6 може да ги загрози истрагите на начин што ќе го направи потешко следењето на електронските адреси. Следењето на IPv6 е неизбежно за да се идентификуваат луѓето кои се осомничени за некаков криминал. FBI дури предложи […]

0 коментари Прочитај 16 јуни, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Деветгодишна блогерка од Шкотска стана интернет сензација со својот блог за училишната храна

Марта Пејн, девет годишен блогер од Аргул, Шкотска, привлече околу 3 милиони посети на својот блог NeverSeconds на кој објавуваше фотографии од храната што ја сервираат во нејзиното училиште. Марта, која го стартуваше блогот со својот татко како дел од проект да научи да пишува, во секој свој пост ја рангира храната според вкус и […]

1 коментар Прочитај 15 јуни, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни

Nokia призна дека Windows Phone уредите не се продаваат добро

Директорот на Nokia, Стивен Елоп, призна дека Windows 7 телефоните не се продаваат. Според г. Елоп, клучната грешка ја прават провачите на Nokia телефоните. кои наместо да ги фокусираат рекламите околу софтверот на Microsoft, како што се прави тоа со Android и iOS, тие упорно се обидува да ги рекламираат уредите. Не помага ни тоа […]

0 коментари Прочитај 15 јуни, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Компаниите ќе се надаваат за реклами во реално време на Facebook

Facebook подготвува услуга со која ќе им овозможи на компаниите да се наддаваат за пристап до одредена таргет група, пишува Bloomberg. Услугата е наречена Facebook Exchange иќе помогне одредени реклами да стигнат до заинтересираните корисници. Со анализирање на навиките на корисниците и посетата на различи страни,  апликации и други детали, Facebook ќе ги состави таргет групите во […]

0 коментари Прочитај 15 јуни, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети Софтвер

Достапен е Skype 4.0 за Linux

Skype ја претстави новата 4.0 верзија на својот VoIP клиент за Linux. Покрај мали поправки во функционалноста, додадени се и новите опции со кои Linux клиентот ќе биде во чекор со другите. „Со ова верзија конечно ги стигнуваме другите десктоп клиенти и сега ги правиме сите најнови Skype опции, како и подобрувања во UI, достапни […]

1 коментар Прочитај 15 јуни, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Друштвени мрежи Совети

Што е OAuth и како ви ги штити друштвените профили

Кога хакерката група LulzSec Reborn пред три дена објави кориснички информации од 10.000 Twitter профили кои ја користеа апликацијaта Tweetgif, тие информации не ги открија лозинки на корисниците бидејќи Tweetgif користи OAuth. OAuth е отворен протокол кој овозможува безбедна API авторизација на едноставен начин за десктоп и веб апликации. Тој им овозможува на корисниците да […]

3 коментари Прочитај 15 јуни, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

Microsoft ќе претстави конкурент на iPad?

Мicrosoft закажа „голем“ настан за следниот понеделник кој ќе се одржи во Холивуд. Нема официјални информации што ќе биде претставено на настанот, но според одредени извори се очекува да видиме таблет компјутер произведен од Microsoft кој ќе работи на Windows RT, верзијата на Windows 8 оптимизирана за таблет компјутери. Според холивудскиот блог The Wrap кој […]

0 коментари Прочитај 15 јуни, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Софтвер

Canonical организира натпревар за Ubuntu апликации

Canonical конечно реши да направи чекор напред за да привлече внимание од страна на развивачите. Имено, спонзорот на Ubuntu, еден од најпопуларните оперативни системи и најкористена Linux дистрибуција, организира натпревар наречен „Ubuntu App Showdown“ во кој развивачите имаат три недели да испрограмираат нова апликација и да ја објават во Ubuntu Software Centre-от. Најдобрите апликации ќе […]

2 коментари Прочитај 15 јуни, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Софтвер

Apple додаде хомосексуални емотикони во iOS 6

Новата верзија на мобилниот оперативен систем iOS на Apple доаѓа со нови emoji, односно емотикони кои се користат во чет и имејл пораки. Меѓу ново додадените сега има емотикони за геј и лезбиски парови кои се додадени покрај стандарните хетеросексуални парови. Emoji на iOS 6 можат да се користат откако се стартува тастатурата за нив. […]

0 коментари Прочитај 14 јуни, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Дигиталните татковци се подруштвени (инфографик)

Дигитални домородци и дигитални татковци, овие корисници израснале со Интернет и се постојано закачени на Веб. Затоа не е воопшто изненадувачки што се поопуштени и подобро запознаени со друштвените мрежи за да водат подобра грижа врз дигиталниот живот на своите деца. Инфографикот на Еuro RSCG , oбјавен од Mashable, ги разгледува родителските навиките на 1.000 […]

0 коментари Прочитај 14 јуни, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Мicrosoft го купува Yammer за 1 милијарда долари

Yammer, друштвената мрежа за бизниси, наскоро ќе стане сопственост на Microsoft, пишуваат бројни медиуми. Еден од Пoрелевантните, Bloomberg вели дека цената на аквизацијата која ќе биде објавена јавно најдоцна до петок е договорена на околу 1 милијарда долари. Купувањето на Yammer може да биде одличен потег на Microsoft кој има добра понуда на софтверски бизнис […]

0 коментари Прочитај 14 јуни, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Железничката станица во Скопје доби бесплатен Wi-Fi

Од денес на пероните на железничката станица во Скопје патниците ќе можат да се конектираат на бесплатен безжичен интернет. Се очекува наскоро македонски железници „Инфраструктура“ да обезбеди и бесплатен Wi-Fi и на другите железнички станици во Македонија. „Бенефитите кои ги овозможува една од најмодерните оптички мрежи кои се инсталирани на железниците во регионот на Југоисточна […]

6 коментари Прочитај 14 јуни, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Стартува аукцијата за вистински пари на Diablo 3

Новата закрпа на Diablo 3 им овозможи на играчите да купуваат и продаваат опрема за вистински пари. Засега закрпата е достапна единствено на играчите на американските сервери иако нема IP ограничување од каде им пристапувате на серверите. Аукциите моментално се единствено за оружје и оклопи, а во иднина се очекува сите предмети од играта да […]

3 коментари Прочитај 14 јуни, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Skype за Windows ќе прикажува реклами за време на аудио разговор

Microsoft најави дека ќе вметнат реклами во  Skype за Windows. Станува збор за реклами кои ќе се отвораат во апликацијата за време на гласовните разговори. Microsoft и oгласувачите планираат да допрат до 250 милиони корисници на Skype со рекламите. А во иднина Microsoft се надеваат дека ќе го зголемат бројот на корисници на 1 милијарда. Содржината […]

0 коментари Прочитај 14 јуни, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Веб

Chrome Web Store додаде офлајн категорија, нова алатка за анализа и се прошири во 6 нови држави

Chrome Web Store се прошири во уште шест нови држави – Турција, Украина, Египет, Саудиска Арабија, Мароко и Обединетите Арапски Емирати и со тоа станаа вкупно 42 држави во кои функционира Chrome Web Store. Покрај тоа, на Google Web Store е отворена и посебна категорија во која може да се видат сите апликации кои работат […]

0 коментари Прочитај 14 јуни, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Свет Софтвер

Линус Торвалдс ја доби Милениумската награда за технологија

Таткото на Linux, Линус Торвалдс, ја доби најголемата технолошка награда на светот – Милениумска награда за технологија за 2012 година. Иако уште во април се знаеше кој ќе биде добитник на овогодинешната награда, сепак Линус дури вчера ја доби наградата во Академијата за технологија – Финска (ТАФ). Г. Торвалдс е награден за креирање на Linux […]

2 коментари Прочитај 14 јуни, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Аплицирано е за стотици генерички .google, .porn, .love, .ninja домени

ICANN ја откри листата на апликации за новите генерички домени кои беа одобрени на почетокот на годината. На листата може да се видат најразновидни суфикси на домени, некои очекувани како .bmw, .bbc, .google или .microsoft, а некои возбудливи како .ninja, .sucks или .rip. ICANN, организација задолжена за бројките и имињата на интернет, вели дека примиле […]

0 коментари Прочитај 13 јуни, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Друштвени мрежи

Facebook се интегрира со WordPress

Направете го вашиот сајт подруштвен со само неколку кликови, е описот на Facebook додатокот за WordPress кој го објавија денес. Така сега на сите што ја користат WordPress платформата за блогирање и имаат Facebook страница ќе им биде поедноставен процесот на споделување на содржината. Официјалниот додаток е достапен во WordPress директориумот и со негова помош […]

0 коментари Прочитај 13 јуни, 2012
Мени
Заедница
Изглед